Инки: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Замена со македонски назив на предлошка, replaced: {{Main| → {{Главна| (7), {{main| → {{Главна|
с →‎Обединување и проширување: Јазична исправка, replaced: случаеви → случаи
Ред 19:
Во [[1438]] година под водство на [[Сапа Инка]] [[Пачакути]] голем дел од јужно [[Перу]] било освоено. Куско бил повторно изграден како главен град на нововоздигнатото царство. Царството било познато како Тавантинсују била од федерален тип составена од централна власт со кралот како шеф на државата. Покрај него имало четири покраински лидери: [[Чинчасују]] на северозапад, [[Антисују]] на североисток, [[Контисују]] на југозапад и [[Коласују]] на југоисток. Исто така, се верува дека кралот го изградил [[Мачу Пикчу]].
 
Еден од начините на државното функционирање било испраќање [[шпион]]и во региони кои биле планирани да бидат освоени од страна на [[Пачакути]]. Тие тогаш би дале извештаи за политичката организираност на областа, воената моќ и богатството. Сапа Инка тогаш испраќал пораки до лидерите на шпионираните земји каде би искажал бенефити и причини за спојување со царството. Тој понудувал подароци и скапоцени предмети како текстил и ветувал дека сите жители на таа земја ќе живеат богат живот. Повеќето од ваквите случаевислучаи завршиле со позитивен одговор. Кралските семејства на веќе споените територии биле испраќани во Куско за да се образуваат за функционирањето на општеството на Инките и биле повторно враќани да управуваат со своте матични држави. Понатака врските се продлабочувале преку соработка или брак помеѓу кралските семејства.
 
Традиционално за Инките било синот на Императорот да ја предводи армијата. Синот на Пачакути, [[Тупак Инка]] го освоил северниот дел од Империјата во [[1463]] година и станал [[Сапа Инка]] после смртта на неговиот татко во [[1471]] година. Неговиот најголем успех од областа на освојувањето нови територии било [[Кралство Чимор|Кралството Чимор]], единствениот ривал на Инките на брегот на Тихиот Океан во [[Јужна Америка]]. Империјата се проширила на север на територијата на денешен Еквадор и Колумбија и синот на Тупак Инка, [[Хуајна Капак]] ја проширил територијата на југ. Во врвот на својот успех, Империјата се протегала од на териториите на денешни [[Еквадор]], [[Перу]], [[Боливија]], [[Чиле]] и мали делови на [[Аргентина]] и [[Колумбија]].
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Инки