Американски ликвидамбар: Разлика помеѓу преработките

вид дрво
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: '''Американскиот ликвидамбар''' ('''''Liquidambar styraciflua'''''), познат и како '''американски стор...
(нема разлика)

Преработка од 00:00, 18 јули 2020

Американскиот ликвидамбар (Liquidambar styraciflua), познат и како американски сторакс или алигаторско дрво,[1] е листопадно дрво од родот Liquidambar кое потекнува од топлите умерени области на истокот на Северна Америка и тропските планински региони во Мексико и Централна Америка. Ликвидамбарот е едно од највредните шумски растенија во југозападните Соединети Американски Држави и често се користи како украсно дрво во пределите со умерена клима.[2][3] Препознатлив е по комбинацијата на петокраки ѕвезденовидни лисје и цврстите, боцкави плодови. Класифициран е во растителната фамилија Altingiaceae, но претходно бил сметан за член на фамилијата Hamamelidaceae.[3]

Наводи

  1. „Taxonomy - GRIN-Global Web v 1.10.6.2“. npgsweb.ars-grin.gov. Посетено на 2020-07-17.
  2. „Sweet Gum - Encyclopedia of Life“. eol.org. Посетено на 2020-07-17.
  3. 3,0 3,1 „Will the American Sweetgum Tree Work in Your Garden?“. The Spruce (англиски). Посетено на 2020-07-17.