Иван Бунин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Стилска исправка, replaced: ) бил → ) — , ) е → ) —
#WPWPMK , #WPWP
Ред 1:
[[Податотека:Ivan Bunin-1901.jpg|thumb|250px|right|'''Иван Алексеевич Бунин''']]
 
'''Иван Алексеевич Бунин''' ([[22 октомври]] [[1870]], [[Воронеж]], [[Русија]] - [[8 ноември]] [[1953]], [[Париз]], [[Франција]]) — руски поет и прозаист, добитник на [[Нобеловата награда за литература]] во 1933 година за уметноста со која ја продолжува класичната руска традиција во прозата.<ref>''Преводи на литературни дела на добитници на Нобелова награда'', НИД „Микена“, Битола, 2009.</ref>
Ред 5:
==Животопис==
Бунин потекнувал од сиромашно благородничко [[семејство]]. Детството и дел до младоста ги поминал на татковиот имот Бутирка, во Орловската губернија, но кога имал 13 години, татко му го продал имотот. Поради материјалните тешкотии, на возраст од 14 години, Бунин морал да го прекине школувањето и завршил само [[гимназија]]. Воспитан во љубов кон [[наука]]та, [[поезија]]та и [[музика]]та, Бунин читал многу и се самообразовал, така што самостојно добро го научил [[Англиски јазик|англискиот јазик]]. Ги обиколил [[Русија]] и [[Украина]], работејќи како коректор, [[библиотека]]р, [[театар]]ски критичар, рецезент и [[публицист]]. Исто така, често патувал низ [[Европа]], [[Азија]] и [[Африка]]. Во 1909 година бил избран за почесен член на Петербушката академија на науките, а во 1920 година преку [[Истанбул]] и [[Белград]] емигрирал во [[Париз]], каде што останал до крајот на животот.<ref>''Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama'' (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 35.</ref><ref name="Lav Zaharov 1964">Lav Zaharov, „Proza Ivana Bunjina“, во: Ivan Bunjin, ''Gospodin iz San Franciska i druge pripovetke''. Beograd: Rad, 1964, стр. 133.</ref> За време на нацистичката окупација на Париз, во својто стан Бунин ги криел луѓето кои ги барале [[Гестапо]] и [[Филип Петен|Петеновата]] [[полиција]].<ref>Lav Zaharov, „Proza Ivana Bunjina“, во: Ivan Bunjin, ''Gospodin iz San Franciska i druge pripovetke''. Beograd: Rad, 1964, стр. 139.</ref> Од страна на пријателите, Бунин бил опишуван како воздржан, сталожен и дистанцирано ироничен човек со студено, академско однесување, кој не бил наклонет да ја открива својата внатрешност дури ни во пријателските разговори за кои, всушност, немал многу дарба.<ref name="Lav Zaharov 1964"/>
[[File:Russian Writers 1.jpg|thumb|right|300px|'''Иван Бунин''' (долен ред, втор од десно), со колеги членови на московската книжевна група [[Среда (книжевна група)|Среда]]; Од горе лево: [[Скиталец]], [[Феодор Шаљапин]] and [[Чириков Евгениј]]; од долу лево: [[Максим Горки]], [[Леонид Андреев]], Ivan Bunin, and [[Николај Телешков]]. 1902]]
[[File:Buninturzhansky.jpg|thumb|Портрет на '''Иван Бунин''' од [[Леонард Туржански]], 1905]]
[[File:Bunin Ivan 1937.jpg|thumb|'''Иван Бунин''' од 1937 година]]
[[File:Памятник И.А.Бунину в г. Грассе (Франция).jpg|thumb|left|upright|Споменик на '''Иван Бунин''' во [[Грас]], [[Франција]]]]
==Творештво==
Бунин најчесто пишувал поезија и кратки раскази, но тој е автор и на [[Автобиографија|автобиографскиот]] [[роман]] „[[Животот на Арсењев]]“ (1930), како и на бројни публицистички и мемоарско-памфлетски текстови. Покрај тоа, преведувал дела од англиски и од [[полски јазик]]. Во 1891 година во [[Орел (град)|Орел]], [[Русија]], тој ја објавил првата збирка [[поезија]], а во 1897 година - првата книга раскази. Иако во тој период соработувал со [[Максим Горки]], тоа не резултирало во никакви социјални тенденции во неговото творештво. Бунин останал надвор од модерните текови, продолжувајќи ја руската класична [[Реализам|реалистичка]] традиција на [[Александар Тургенев]], [[Иван Гончаров]] и [[Лев Толстој]]. Неговите дела се одликуваат со оригинален стил и со изразита творечка идивидуалност. Исто така, неговото дружење со композиторот [[Рахмањинов]] се препознава во неговите дела како суптилен [[Романтизам|романтичарски]] музички израз.<ref>''Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama'' (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 36.</ref> Во 1933 година, тој ја добил Нобеловата награда за книжевност, како прв руски писател кому му било доделено ова признание.