Прекршување (физика): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Замена со македонски назив на предлошка, replaced: cite web → Наведена мрежна страница (2)
с Замена со македонски назив на предлошка, replaced: cite journal → Наведено списание (3)
Ред 10:
Прекршување во [[оптика]]та настанува кога светлинскиот бран паѓа под кос агол на граничната површина со средина која има поинаков показател на прекршување. На границата се менува [[фазна брзина|брановата брзина]], поради што доаѓа до промена и во насоката. Иако брзината се менува, [[фреквенција]]та останува константна. На пример, [[светлински зрак]] се прекршува при минување низ [[стакло]] поставено во воздух, затоа неговата брзина ќе се промени. Прекршување има и кога бранот нормално упаѓа на граничната површина (под прав агол) - брзината се менува, иако насоката останува иста. Разбирањето на концептот на оваа појава придонело за значајни пронајдоци - [[леќа (оптика)|леќите]] и [[рефракор]]от.
[[File:Pencil in a bowl of water.svg|thumb|left|Поради прекршувањето на светлинскиот бран, молив делумно потопен во вода изгледа искривен: светлинските бранови кои поаѓаат од точката X ја менуваат насоката, па изгледаат како да поаѓаат од Y. (При набљудување од било кој агол, Y треба да се наоѓа вертикално над X и моливот гледан одозгора да изгледа пократок, а не подолг како што е прикажано.)]]
Прекршувањето може јасно да се забележи при гледање во сад исполнет со вода зашто показателот на прекршување на воздухот е приближно 1,0003, а на водата 1,3330. Доколку едната половина од прав предмет (молив, сламка и сл.) се потопи во вода под некој агол, предметот гледан одозгора изгледа закривен кај површината на водата. Ваквата појава се должи на скршнувањето на светлинските зраци при преминот од воздух во вода. Кога тие ќе стигнат до окото, тоа ги восприема како прави линии кои се пресекуваат во точка која се наоѓа повисоко од вистинската (изворот на зраците). Затоа моливот изгледа како да се наоѓа повисоко, а водата како да е поплитка. Оваа набљудувана длабочина се нарекува ''привидна длабочина'' и е важна при ловењето риби со копје бидејќи дава грешна претстава за нивната положба во водата – треба да се цели подлабоко. И спротивното важи – ликот гледан од под вода има ''привидна висина'', па рибата-стрелец, на пример, мора да цели пониско за да го дофати пленот.<ref>{{citeНаведено journalсписание|url=http://link.springer.com/article/10.1007%2FBF00361900|journal=Behavioral Ecology and Sociobiology|volume=2 |year=1977|issue =2|pages=169-184|title=Refraction and the spitting behavior of the archerfish (''Toxotes chatareus'')|author=Dill, Lawrence M. |jstor=4599128}}</ref>
При мали упадни агли (кога sinθ ≈ tanθ; мерени во однос на нормалата) односот на привидната и вистинската длабочина е еднаков со односот на индексите на прекршување на воздухот и водата. Но, како што упадниот агол се доближува кон 90<sup>o</sup>, привидната длабочина се стреми кон нула. Се зголемува рефлексијата, затоа не може да се набљудува при големи упадни агли. Спротивно гледано, од водата кон воздухот, привидната висина се стреми кон бесконечност со доближување на упадниот агол (оддолу) до аголот на [[тотална рефлексија]], та сликата при поголеми агли од оној на тотална рефлексија не се гледа.
[[Image:GGB reflection in raindrops.jpg|thumb|left|Прекршена и извиена фотографија на мостот Голден Гејт поради капките вода.]]
Ред 18:
Прекршувањето предизвикува и други оптички феномени освен божилакот. Меѓу нив се наоѓаат [[мираж]] и [[фатаморгана]] –изобличување или поместување на оддалечените предмети како последица на промената на показателот на прекршување со промената на температурата на водухот.
Показателот на прекршување може да биде и нелинеарен, како при [[Керов ефект|Керовиот ефект]] каде светлината со голем интензитет придонесува за показател на прекршување пропорционален со интензитетот на упадната светлина.
Постојат [[метаматеријал]]и со негативен показател на прекршување. Кај метаматеријалите забележлива е и појава на тотално прекршување кога брановите импеданции на двете средини се еднакви. Тогаш нема рефлексија на бранот.<ref>{{citeНаведено journalсписание|doi=10.1088/1367-2630/7/1/213|title=„On the physical origins of the negative index of refraction“|year=2005|author=Ward, David W|journal=New Journal of Physics|volume=7|page=213|last2=Nelson|first2=Keith A|last3=Webb|first3=Kevin J|arxiv = physics/0409083 |bibcode = 2005NJPh....7..213W }}</ref>
Поради својството на прекршувањето за оптичко приближување на набљудуваните предмети, водата може да игра улога на лупа. Светлинскиот зрак ја намалува брзината како што влегува во капка вода, а ако граничната површина не е рамна, зракот и се закривува продолжувајќи по нов пат. Заоблената форма на површината ја закривува светлината нанадвор, па како што таа продолжува да се шири, сликата на набљудуваниот предмет е зголемена.
Прекршувањето често се објаснува преку следнава аналогија: „Група маршира под кос агол од тротоар (брза материјална средина) во кал (бавна средина). Оние кои маршираат на страната која прва влегува во калот први го забавуваат чекорот. Поради тоа целата група продолжува да се движи низ калта под малку помал агол во однос на нормалата.“
Ред 35:
|url=https://www.nwdc.navy.mil/Documents/NTRP_1-02.pdf
|id=NTRP 1-02}}</ref>
Слични [[акустика|акустични ефекти]] има во [[Земјина атомсфера|Земјината атомсфера]], а прекршувањето на звукот во неа му е познато на човекот со векови.<ref>Mary Somerville (1840), ''„On the Connexion of the Physical Sciences“'', J. Murray Publishers, (originally by Harvard University)</ref> Сепак, ефектите нашле примена дури по 1970 година, кај оградите за звучна изолација на [[автопат]]ите кои го користат закривувањето на звучните бранови во атмосферата како резултат на [[метеорологија|метеоролошките влијанија]].<ref>{{citeНаведено journalсписание|doi=10.1007/BF00159677|title=Analysis of highway noise|year=1973|author=Hogan, C. Michael|journal=Water Air and Soil Pollution|volume=2|pages=387|issue=3}}</ref>
 
==Поврзано==