Панкреас: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Замена со македонски назив на предлошка, replaced: Cite journal → Наведено списание
Ред 20:
}}
[[Податотека:Gray 1100 Pancreatic duct.png|thumb|Панкреасот и дванаесетпалечното црево]]
'''Панкреасот''' или '''поджелудочната жлезда''' е [[жлезда]] со двојно лачење - егзокрино (надворешно) и ендокрино (внатрешно). Оваа жлезда е сместена под [[желудник]]от, веднаш до [[Дванаесетпалечно црево|дванаесетпалечното црево]], со кое е и [[Анатомија|анатомски]] поврзана преку [[Панкреасен канал|панкреасниот канал]].
 
Егзокрината функција на панкреасот е претставена со лачењето на [[Панкреасен сок|панкреасниот сок]], кој има важна улога во [[варење]]то на [[храна]]та во [[Систем за варење|дигестивниот систем]]. Токму затоа често панкреасот се смета како дел од овој систем. Ендокрината функција на поджелудочната жлезда се состои во лачењето на два мошне значајни [[хормони]] - [[инсулин]] и [[глукагон]], кои учествуваат во регулацијата на нивото на [[глукоза]] (во секојдневието познато како шеќер) во [[крв]]та, односно состојбите на [[хипогликемија]] и [[хипергликемија]].
Ред 26:
== Физиологија ==
=== Егзокрина функција на панкреасот ===
Панкреасниот сок се излачува од панкреасот преку панкреасниот канал во дванаесетпалечното црево. Тој е смеса од протеолитички [[ензим]]и во форма на [[проензим]]и (неактивна форма на ензимот) - [[трипсиноген]] и [[химотрипсиноген]]. Тие се активираат во [[Тенко црево|тенкото црево]] во [[трипсин]] и [[химотрипсин]]. Овие ензими ги разложуваат [[протеин]]ите до прости белковини и [[Аминокиселина|аминокиселини]]. Во панкреасниот сок има и два ензими кои ги разложуваат [[Нуклеинска киселина|нуклеинските киселини]] ([[ДНК]] и [[РНК]]) до [[мононуклеотид]]и. Дневната количина на излачен панкреасен сок е од 800 до 1500 &nbsp;cm<sup>3</sup>.
 
=== Ендокрина функција на панкреасот ===
{{See also|Панкреасни островчиња}}
Делот од панкреасот кој има ендокрина функција е изграден од приближно 3 милиони<ref name=":0">{{CiteНаведено journalсписание|title = A 3D map of the islet routes throughout the healthy human pancreas|url = http://www.nature.com/articles/srep14634|journal = Scientific Reports|date = 2015-09-29|pmc = 4586491|pmid = 26417671|volume = 5|doi = 10.1038/srep14634|first = Constantin|last = Ionescu-Tirgoviste|first2 = Paul A.|last2 = Gagniuc|first3 = Elvira|last3 = Gubceac|first4 = Liliana|last4 = Mardare|first5 = Irinel|last5 = Popescu|first6 = Simona|last6 = Dima|first7 = Manuella|last7 = Militaru|pages=14634}}</ref> [[панкреасни островчиња]]. Секое островче е изградено од четири главни видови на клетки. Тие релативно тешко можат да се разликуваат меѓу себе со употреба на стандардните техники за боење, но можат да се класифицираат во зависност од нивната секреција на: α [[алфа клетка|алфа клетки]] кои секретираат [[глукагон]] (ја зголемува концентрацијата на глукоза во крвта), β [[бета клетка|бета клетки]] кои секретираат [[инсулин]] (ја намалува концентрацијата на глукоза во крвта), δ [[делта клетка|делта клетки]] кои секретираат [[соматостатин]] (ја регулира/запира секрецијата од α и β клетките) и [[PP клетка|PP клетки]], или γ (гама) клетки, кои секретираат [[панкреасен полипептид]].<ref>BRS physiology 4th edition ,page 255-256, Linda S. Constanzo, Lippincott publishing</ref>
 
Основната [[Физиологија|физиолошка]] улога на инсулинот е намалување на концентрацијата на глукозата во крвта (хипогликемично дејство) и го овозможува преносот на глукоза преку [[Клеточна мембрана|клеточната мембрана]]. Глукагонот има спротивно, антагонистичко дејство од инсулинот врз концентрацијата на глукоза во крвта. Тоа значи дека глукагонот, при состојба на хипогликемија, ја зголемува концентрацијата на гроздовиот шеќер во крвта. Тоа го остварува преку разградување на резервниот [[јаглехидрат]] [[гликоген]] во [[Црн дроб|црниот дроб]] до глукоза (процес познат и како [[гликогенолиза]]).
 
Регулацијата на лачењето на овие два хормона од страна на панкреасот се остварува со количеството на глукоза во крвта. Врз секрецијата на инсулинот влијае и [[Вегетативен нервен систем|вегетативниот нервен систем]]. Притоа, [[Парасимпатичен нервен систем|парасимпатикусот]] ја зголемува, а [[Симпатичен нервен систем|симпатикусот]] ја намалува неговата секреција.
Ред 40:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Панкреас| ]]
[[Категорија:Егзокрини жлезди]]