Сент Бев (есеј на Пруст): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎За делото: дополнување
с Замена со македонски назив на предлошка, replaced: cite web → Наведена мрежна страница
Ред 1:
'''Сент Бев''' ([[француски]]: ''Contre Sainte-Beuve'') - книга со [[Есеј|есеи]] на францускиот писател [[Марсел Пруст]]. Пруст не го довршил делото, ниту пак го објавил за време на својот живот: книгата е пишувана во периодот 1895-1900, но била објавена дури во 1954 година. Книгата се состои од неколку есеи од кои во три се критикува книжевно-критичкиот метод на [[Сент Бев]].<ref>{{citeНаведена webмрежна страница|url=http://modernism.research.yale.edu/wiki/index.php/Contre_Saint-Beuve|title=Contre Saint-Beuve|last=Shapiro|first=Michael|publisher=Yale University|accessdate=27 септември 2014}}</ref>
 
==За делото==
Писмата од 1905 година, испратени до неговите пријатели (Жорж Лори и Робер Драјфус), сведочат дека Пруст имал идеја да напише есеј со насловот „Сент Бев“, со цел да утврди како еден критичар од калибарот на Сент Бев можел да погреши во однос на најважните француски писатели од [[19 век]], [[Стендал]], [[Нервал]] и [[Бодлер]]. Читајќи ги делата на Сент Бев, „[[Портрети на современиците (Сент Бев)|Портрети на современиците]]“ и „Разговори во понеделник“, Пруст заклучил дека пропустите на Сент Бев не биле условени од лични мотиви, на пример, завист, туку од самиот критички [[метод]]. Во скиците за предговорот на оваа книга, Пруст напишал дека Сент Бев ги барал тајните на [[писател]]скиот занает таму каде што не можел да ги најде - во приватниот живот на писателите, во нивните изјави и писма, наместо да ги побара во нивните книги. Според Пруст, Сент Бев греши и со тоа што верува дека во [[книжевност]]а може сè да се објасни со научниот метод. На тој начин, Прустовата критика на Сент Бев се претвора во критика на [[Позитивизам|позитивистичкиот]] метод во проучувањето на книжевноста. Истовремено, тој ја изложува и својата поетика чии основни постулати се: барањето во критичкото проучување да се постави делото и неговите стилски карактеристики, а не историските околности во кое се појавило или биографските податоци за неговиот автор; како и тврдењето дека вредноста на уметничкото дело се состои во оригиналноста на визијата и стилот.<ref>Adrijana Marčetić, „Zaljubljeni Prust“ во: Marsel Prust, ''Jedna Svanova ljubav''. Beograd: Paidea, 2017, стр. 18-19.</ref>
 
Исто како и неговите останати дела, така и книгата „Сент Бев“ била пишувана долго време. Така, писмата на Пруст до Робер Драјфус од 1908 година сведочат дека во тоа време сè уште работел на книгата, но дека во меѓувреме го променил првобитниот план, т.е. наместо класичен есеј за критичкиот метод на Сент Бев, книгата треба да биде [[новела]] на истата тема. Истата година, Пруст му напишал писмо на Жорж Лори известувајќи го дека се колебал меѓу две верзии: класичен есеј и раскази во форма на фиктивен дијалог. Најпосле, во средината на 1909 година, откако напишал над 300 страници, Пруст го известил Лори за својот страв дека списанието ''Mercure de France'' нема да го објави есејот за Сент Бев, но не поради обемот, туку затоа што е „непристоен“. Слични ставови се среќаваат и во писмото што Пруст му го испратил на уредникот на ''Mercure de France'': „Ја завршувам книгата која е, наспроти работниот наслов ''Против Сент Бев''...всушност, е вистински [[роман]], и тоа, во некои делови, исклучително развратен роман. Еден од главните ликови е [[Хомосексуалец|хомосексуалец]]. Сент Бевовото име не е случајно употребено. Книгата завршува со долг разговор за Сент Бев и за [[естетика]]та.“ Според тоа, првобитната идеја на Пруст да напише класичен есеј подоцна била изменета и студијата за критичкиот метод на Сент Бев се претворила во завршен дел на романот за хомосексуалците. Меѓутоа, тврдењето на Пруст дека пишува роман за хомосексуалците не се остварило, а есејот за Сент Бев останал недовршен и фрагментиран. Од крајот на 1909 година, во преписката на Пруст повеќе не се споменува ова дело, а се претпоставува дека тогаш тој ја започнал работата на „[[Во потрага по изгубеното време|Потрагата по изгубеното време]]“.<ref>Adrijana Marčetić, „Zaljubljeni Prust“ во: Marsel Prust, ''Jedna Svanova ljubav''. Beograd: Paidea, 2017, стр. 19-20.</ref>
 
== Наводи ==