Разлика помеѓу преработките на „Синдром на работна исцрпеност“

с
Замена со македонски назив на предлошка, replaced: cite web → Наведена мрежна страница (4)
с (Замена со исправен параметар, replaced: |site= → |website=, |site = → |website = using AWB)
с (Замена со македонски назив на предлошка, replaced: cite web → Наведена мрежна страница (4))
'''Синдром на работна исцрпеност''' (исто така познат и како '''синдром на професионално согорување''' или по [[англиски јазик|англицизмот]] '''синдром на burnout''') се карактеризира со комбинација на длабок замор, намалено инвестирање во професионалната активност и чувство на неуспех во работата. Синдромот на работна исцрпеност се смета за резултат на хроничен професионален [[стрес]] (на пример, поврзан со работно преоптоварување): личноста не успева да се соочи со адаптивните побарувања на нејзината професионална околина и забележува пад на својата енергија, мотивација и самодоверба.
 
Во [[1969]], Херолд Б. Бредли е првата личност која го истакнува синдромот во својата статија „Третман базиран на заедницата за млади возрасни прекршувачи на законот“ (англиски: „''{{lang|en|Community-based treatment for young adult offenders}}''“), запишувајќи го како посебен вид на стрес поврзан со [[работни услови|работата]] користејќи го англискиот термин ''{{Lang|en|burnout}}''. Овој термин повторно се употребува во [[1974]] од страна на психоаналистот [[Хеберт Ј. Фројденберг]] и потоа од страна на психологот [[Кристина Маслак]] во [[1976]] во нејзините студии за мафинестациите на работна износеност.<ref>{{citeНаведена webмрежна страница|title=Qu'est-ce qu'un burn-out ? {{!}} Aide Burn Out|url=http://www.aideburnout.fr/definition-burnout|website=Aideburnout.fr|language=француски|accessdate=2016-12-26}}</ref>
 
Спроед првите набљудувачи, синдромот на работна исцрпеност првично се појавува кај луѓе чии професионални активности имплицираат дека човечката интеракција е важна - такви се [[социјален работник|социјалните работници]], [[здравствен професионалец|здравствените професионалци]] и [[професор]]ите. Проучувањето на овие професионални категории од страна на истражувачите најчесто ги истакнува повторувачките соочувања поврзани со болка и неуспех како главните причинители во случаите на манифестација на синдромот на работна исцрпеност. За време на првичните набљудувања на синдромот, тој е познат како психолошки [[синдром]] поврзан со [[професија|професиите]] кои вклучуваат помош. Овој концепт преовладувал некое време и служел како патоказ за концепцализацијата на овој феномен како и првите работни истражувачки трудови на тоа поле. Но стекнувањето на поголем број на информации по овие првични истражувања помогнало да се прошират ризиците за манифестација на синдромот на работна исцрпеност на групата на индивидуалци на работното место без разлика на нивната активност.
 
Покрај неговиот успех во медиумите и популарноста кај поголемата јавност, синдромот на работна исцрпеност не е препознаен како пореметување по интернационалните носолошки класификации како што се M ICD-10 или DSM 5. Моментално, не постојат заеднички прифатени критериуми во медицинскиот свет за дијагностика на синдромот. Многу земји не го признаваат синдромот како професионална болест; ова се должи на фактот што исцрпеноста е проблематички слична на [[депресија]]та (врз основа на клинички и потклинички форми), како што покажуваат голем број на француски, американски и скандинавски истражувања и студии. Важно е да се посочи дека исцрпеноста е воведена во научната литература во отсуство на преглед на литературата посветена на психичките нарушувања поврзани со стресот (на пр. анксио-депресивни случаи) и во отсуство на систематски клинички набљудувања.<ref>{{citeНаведена webмрежна страница|language =англиски|author1 = Wilmar Schaufeli, Dirk Enzmann|title = The Burnout Companion to Study and Research: A Critical Analysis|location = London, UK|publisher = Taylor & Francis|year = 1998 }}</ref>
 
== Препознавање на синдромот ==
 
==Признавање на синдромот во земји низ светот==
Во јули 2015, националнотo францускo собрание одлучило дека синдромот на работна исцрпеност не може да се обележи како професионална болест.<ref>{{citeНаведена webмрежна страница|title = Le burn out ne sera pas reconnu comme une maladie professionnelle|url = http://www.lefigaro.fr/flash-eco/2015/07/22/97002-20150722FILWWW00084-le-burn-out-ne-sera-pas-reconnu-comme-une-maladie-professionnelle.php|website = lefigaro.fr|language=француски|date = 22 јули 2015|accessdate = 22 јули 2015}}</ref> Во 2016, Бенуа Хамон, поранешен министер на националното образование во Франција, дал предлог-закон на француското национално собрание за да се олесни препознавањето на случаи на исцрпеност во Франција.<ref>{{citeНаведена мрежна webстраница|language=француски|title=Benoît Hamon veut la reconnaissance du burn-out : pourquoi ça coince?|url=http://tempsreel.nouvelobs.com/societe/20160217.OBS4831/benoit-hamon-veut-la-reconnaissance-du-burn-out-pourquoi-ca-coince.html|website=L'Obs|accessdate=2016-03-03}}</ref>
 
== Наводи ==