Стандард и Пурс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Замена со македонски назив на предлошка, replaced: cite web → Наведена мрежна страница
Ред 21:
==Историја==
[[File:Poor's Directory of Railroad Officials 1893 (Frontispiece).jpg|thumb|right|„Директориумот на железничките службеници на Пур“, 1893 (Предна страна)]]
„Стандард и Пурс“ ги бележи своите почетоци во 1860 година, со објавувањето на „Историја на [[Железница|железницатажелезница]]та и каналите во [[САД]]“, книга која содржи многубројни [[информации]] за [[Финансии|финансиската]] и оперативната состојба на американските железнички компании. Во 1868 година, [[Хенри Варнум Пур]] и неговиот син, [[Хенри Вилијам Пур]], ја основале фирмата „Х.В. и Х.В. Пур Ко.“ при што редовно објавувале два годишни водичи, „Пуров водич за железницата во [[САД]]“ и „Директориумот на Пур за железничките службеници“.<ref name="snphistory"/><ref name=time-history>{{cite news
|title=Corporations: Standard & Unpoor
|url=http://www.time.com/time/magazine/article/0,9171,939281,00.html
Ред 28:
|date=October 13, 1961}}</ref>
 
Во [[1906]] година, [[Лутер Ли Блејк]] го основал „Стандардното статистичко биро“, со намера да објавува финансиски информации за нежелезничките компании. Наместо годишната книга, „Стандард статистикс“ користел картички со димензии 5" x 7", што овозможило пофреквентно ажурирање на податоците.<ref name="snphistory"/> Во [[1941]] година, „Пурс Паблишинг“ и „Стандард Статистикс“ се споиле и ја формирале фирмата „Стандард & Пурс Корп.“ која во [[1966]] година била преземена од „[[McGraw-Hill|Д` МекГро Хил Компанис]]“.<ref name="snphistory">{{citeНаведена webмрежна страница
| title=A History of Standard & Poor's
| url=http://www.standardandpoors.com/about-sp/timeline/en/us/
Ред 34:
 
==Кредитен рејтинг==
Како [[агенција за кредитен рејтинг]], „Стандард и Пурс“ издава кредитни рејтинзи за долгот на јавни и приватни [[Компанија|компании]], [[Влада|влади]] и други јавни ентитети. Таа е една од првите агенции која е национално признаена од американската [[Комисија за хартии од вредност]]. С&П издава краткорочни и долгорочни кредитни рејтинзи.
 
[[File:Countries by Standard & Poor's Foreign Rating.png|thumb|upright=1.90|Земји во светот според кредитен рејтинг:
Ред 50:
 
===Методологија на „Стандард и Пурс“ за определување на кредитен рејтинг на банките===
Процесот на одредување на кредитниот рејтинг на една [[банка]] од страна на „Стандард и Пурс“ се заснова врз методологијата за проценување на [[ризик]]от на банкарската индустријата на една земја, позната како [[БИКРА]] (''Banking Industry Country Risk Assessment'', ''BICRA''). Таа претставува макроанализа на економскиот и на индустрискиот ризик на земјата во која се наоѓа банката за која се прави анализата. По добивање на резултатот од методологијата БИКРА, понатаму се анализираат детерминантите што се специфични за банката, како што се: позицијата на банката во деловната околина, [[капитал]]от на банката и големината на приходите, големината на ризикот, изворите на финансирање и [[ликвидност]]а. Најпосле, се додава [[веројатност]]а за интервенција на државата и големината и обликот на помош што го добива банката од неа. Критериумите што се поставени во методологијата БИКРА важат за сите банки што се испитуваат, без исклучок.<ref name="Standard 2011">Standard & Poor's (2011), ''Banking Industry Country Risk Assessment Methodology and Assumptions''.</ref>
 
Методологијата БИКРА служи за евалуација и за споредба на банките во глобалниот банкарски систем, откривање на нивните предности и слабости, како и за испитување на пошироката работна околина преку анализа на економските и на индустриските карактеристики. Се разликуваат 10 нивоа на кредитен рејтинг (од 1 до 10), со тоа што на првото ниво се банките со најниско ниво на ризик, додека банките што се наоѓаат на нивото 10 се проценети со највисок ризик. Анализите се базирани на временски хоризонт од три до пет години. Методологијата БИКРА е составена од две главни целини: економски и индустриски ризик. Со комбинација на добиените резултати се формира јадрото за профилот на самостојниот рејтинг на испитуваната банка. Методологијата се потпира врз анализата на шест фактори, при што се одредува нивото на економскиот и на индустрискиот ризик за една земја. Потоа, секоја од целините е поделена на шест групи фактори што влијаат врз нивото на економскиот и на индустрискиот ризик за земјата во која се наоѓа испитуваната банка. За секој фактор се испитува нивото на ризик за кое во зависност од неговата големина се доделуваат поени. Колку што е поголем ризикот што постои поголем е бројот на поени што ѝ се доделуваат на банката што се испитува.<ref> name="Standard & Poor's (2011), ''Banking Industry Country Risk Assessment Methodology and Assumptions''.<"/ref>
 
== Наводи ==