Стефан Лихтштајнер: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
с →top: Стилска исправка, replaced: ) е → ) — |
с Замена со македонски назив на предлошка, replaced: Cite web → Наведена мрежна страница (7), cite web → Наведена мрежна страница (4) |
||
Ред 28:
==Технички карактеристики==
Неговата примарна позиција е [[Одбрана (фудбал)|десен бек]], но уште од почетокот на неговата кариера бил многу офанзивен и се вклучувал во нападот, па затоа повремено бил користен и како десно крило. Со трансферот во [[ФК Јувентус|Јувентус]] играчот добил улога во која ќе може да оди уште повеќе во нападот, играјќи како десно бек/крило во [[3-5-2]] формацијата на [[Антонио Конте]]. Ваквата улога му дала можност на Лихтштајнер помалку да се враќа во одбраната и да се уфрла длабоко во противничкиот шеснаесетник од каде постигнал голем број на голови и направил многу асистенции за своите соиграчи.<ref>{{
== Клупска кариера ==
Ред 41:
По добрите игри за својот национален тим на [[Евро 2008]] Лихтштајнер им "паднал во очи" на неколку квалитетни европски клубови, а во јули истата година ја прифатил понудата на [[рим]]ски [[С.С. Лацио|Лацио]] со кој потпишал четиригодишен договор. Тој бил доведен во клубот за да го замени својот сонародник и колега од швајцарската репрезентација, [[Валон Бехрами]] кој заминал во [[ФК Вест Хем Јунајтед|Вест Хем Јунајтед]].
На [[31 август]] [[2008]], го одиграл својот прв натпревар во [[Серија А]], на гостувањето на [[Сардинија]] против [[ФК Каљари Калчо|Каљари]] во кој [[СС Лацио|Лацио]] забележал убедлива победа со 1-4. Во неговата [[СС Лацио сезона 2008-2009|прва сезона]], тренерот [[Делио Роси]] го направил Лихтштајнер сопственик на позицијата десно во одбраната (десен бек). Тој го постигнал својот прв гол во светло-синиот дрес во градското дерби против [[ФК Рома|Рома]] на [[11 април]] [[2009]] година, зголемувајќи го водството на својот тим на 3-1, а на крајот Лацио победил со 4-2. Веќе во својата прва сезона оставил добар впечаток кај навивачите на Лацио со својте чести уфрлања во нападот по десната страна, додека [[Србија|србинот]] [[Александар Коларов]] истото го правел по левата страна. Сезоната ја завршил со 33 настапи и еден гол. Лацио сепак разочарал во [[Серија А]] завршувајќи дури на 10. место, но затоа сезоната ја спасиле со триумф во [[Coppa Italia|Купот на Италија]]. Лихтштајнер настапил во четири куп натпревари, вклучувајќи го и финалето, на [[8 мај]] [[2009]], против [[ФК Сампдорија|Сампдорија]] кое Лацио го добил по подоброто изведување на пенали откако после 120 минути игра натпреварот завршил 1-1. Тој бил еден од изведувачите и бил прецизен во шестата серија, а веднаш после него триумфот на Лацио му го донел [[Осман Дабо]] (6-5 вкупен резултат).<ref>{{
Во [[СС Лацио сезона 2009-10|следната сезона]], со доаѓањето на клупата на тренерот [[Давиде Балардини]], го освоил [[Суперкуп на Италија 2009|Суперкупот на Италија]], со победата над [[ФК Интер|Интер]] во [[Пекинг]].<ref name="sc2009">{{
Во својата [[СС Лацио сезона 2010-11|третата сезона]] во Лацио, играчот бил поставен како десен бек во одбрана со четворица, заедно со бразилецот [[Андре Диас]], италијанецот [[Џузепе Бјава]] и романецот [[Стефан Раду]]. Одличната сезона за него завршила со 34 првенствени натпревари и еден во италијанскиот куп или вкупно 35 настапи; тимот (заврши на петтото место) успеал да избори место во [[Лига Европа]].
Ред 53:
На [[27 јуни]] [[2011]] Лихтштајнер го напуштил Лацио и му се приклучил на [[ФК Јувентус|Јувентус]] за сума од 10 милиони евра. Трансферот бил официјално потврден на [[1 јули]] [[2011]]. Стефан дебитирал за [[ФК Јувентус|Јувентус]] на [[11 септември]] [[2011]] против [[ФК Парма|Парма]], во првото коло од [[Серија А 2011-12|сезоната 2011-2012]]. Натпреварот се одиграл на [[Јувентус Стадион|новиот стадион на Јувентус]] кој бил отворен само неколку дена пред тоа, а токму Стефан го постигнал првиот гол на натпреварот по одличната асистенција на [[Андреа Пирло]]. Со тоа влегол во историјата на клубот како прв официјален стрелец на новиот стадион, а натпреварот завршил со победа на Јувентус од 4-1. Во последното коло од есенскиот дел на сезоната, повторно на додавање на Пирло, Лихтштајнер на сличен начин го постигнал и својот втор гол за Јувентус во победата над [[ФК Аталанта|Аталанта]] во [[Бергамо]] со 2-0. По завршувањето на сезоната Лихтштајнер со Јувентус го освоил [[Серија А|скудетото]].
[[ФК Јувентус сезона 2012-13|Сезоната 2012-2013]] ја започнува со победа во [[Суперкуп на Италија 2012|Суперкупот на Италија]] на [[11 август]] [[2012]], на [[Национален стадион во Пекинг|Националниот стадион во Пекинг]]; Јувентус го победил [[ФК Наполи|Наполи]] со резултат 4-2 [[Продолжетоци (фудбал)|по продолженија]].<ref>{{
На [[25 август]] [[2012]], Лихтштајнер го постигнал својот прв гол за Јувентус во [[Серија А 2012-2013|Серија А]] за [[ФК Јувентус сезона 2012-13|сезоната 2012-2013]], и повторно против [[ФК Парма|Парма]], истиот тим против кој и во минатиот шампионатот го постигнал првиот гол.<ref>{{
На [[5 мај]] [[2013]], точно цел круг подоцна, по победата повторно над Палермо со 1-0, го освоил второто [[скудето]] по ред со Јувентус.<ref>{{
[[ФК Јувентус сезона 2013-14|Следната сезона 2013-2014]], Лихтштајнер бил стрелец веќе во првиот официјален натпревар. Во [[Суперкуп на Италија 2013|суперкупот 2013]] одигран на [[18 август]] [[2013]], против неговиот поранешен клуб, [[СС Лацио|Лацио]], Лихштајнер го постигнал третиот гол во победата со 4-0 и асистирал за други два.<ref>{{
Во текот на [[ФК Јувентус сезона 2014-15|сезоната 2014-2015]], на [[24 септември]] постигнал гол против [[ФК Чезена|Чезена]], поставувајќи ги конечните 3-0. Вториот гол за сезоната бил прекрасен ''проектил'' од далечина на [[9 ноември]], против [[ФК Парма|Парма]], во голеадата на Јувентус со 7-0 во Торино.
===Арсенал===
На 5 јуни 2018, Лихтштајнер како слободен играч потпишал за [[ФК Арсенал|Арсенал]].<ref>{{
==Репрезентативна кариера==
|