Благоја Корубин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична исправка, replaced: лингвисти → јазичари, лингвист → јазичар
Ред 16:
| alma_mater =
| period =
| genre = лингвистикајазичарика, филологија, политика и аналитика
| subject = македонска историја, филологија, етнографија, аналитика и политика
| movement =
Ред 37:
Основно училиште и гимназија завршил во [[Прилеп]]. Како член на Литературната секција во гимназијата го напишал и првиот прозен состав на [[српски јазик]] „Живот у Прилепу и околини“ ([[1937]]/[[1938]]). Бил член на воспитна група за кандидати за [[СКОЈ]], на која [[Борка Талески]] им држел предавања за македонското национално прашање. По обуката станале членови на СКОЈ (1938/1939), а по матурирањето и членови на [[КПЈ]] (јуни 1940). Наскоро бил избран и за член на МК на СКОЈ во Прилеп, кој често организирал младински излети со културна и политичка програма, за кои составувал музичко-поетски хумористично-сатирични песни. Станал истакнат национален комунистички активист и организатор. Месниот комитет на СКОЈ, во кој членувал, ја организирал и [[Илинденска демонстрација во Прилеп|Илинденската демонстрација во Прилеп]] (1940). Потоа заминал на студии на Педагошката група на [[Филозофски факултет во Скопје|Филозофскиот факултет во Скопје]] (1940/1941). Тука формирал македонска група од 15-18 членови на КПЈ и на СКОЈ, а во студентскиот дом каде што живеел бил еден од уредниците на ''Ѕидниот весник'', каде што објавувал свои политички написи и афирмативен напис за [[македонскиот јазик]] од [[Нула Кацаволу]].
 
Со подоцнешниот проф. д-р [[Панче Кировски]] ја превеле од [[француски]] на македонски јазик публикацијата „Прашањата на ленинизмот“ од [[Јосиф Сталин]]. Истовремено ја раководел и скоевската група во средното техничко училиште во [[Скопје]], а бил задолжен за стручна помош и на партиската ќелија во работилницата на Папатеодоси и на ќелијата на шивачките работници. Кога бил направен обид за повторно издавање на весникот „Наша реч“ (јануари или февруари [[1941]]), влегол во редакцијата заедно со [[Дејан Алексиќ]] и [[Антун Колендиќ]] и ја напишал уводната статија за првиот број.
 
По потпишувањето за пристапувањето на [[Кралство Југославија|Кралството Југославија]] кон Тројниот пакт, вечерта на [[26 март]] скопските студенти излегле на скопското корзо со пароли против пактот и војната. По говорите на А. Колендиќ и [[Филимена Михајлова]], по барање на демонстрантите тој говорел на македонски јазик, поради што морал да се спасува со бегство од режимските агенти.
Ред 43:
=== Втора светска војна ===
 
По фашистичката окупација станал борец на [[Прилепски партизански одред „Гоце Делчев“|Првиот прилепски партизански одред „Гоце Делчев“]] и учествувал во првата востаничка акција на [[Денот на востанието на македонскиот народ]]. Наскоро потоа бил уапсен и осуден, па целиот период на НОБ го минал во Скопскиот затвор (14 мај 1941 – мај 1943 и јуни 1943 – септември 1944) и во затворот во [[Хасково]] (мај–јуни 1943). Тука ја напишал зачуваната „Песна на скопските затвореници“ (кон крајот на 1941). Во просторијата во која биле сместени околу 60 затвореници од Македонија и Јужна Србија, тогашниот секретар на ПК на КПЈ за Македонија [[Лазар Колишевски]] формирал затворско партиско раководство, во кое бил и Корубин како одговорен за организацијата на културно-забавниот живот. За потребите на приредбите што ги организирале, тој напишал и други песни, „врапчиња“ и биле изведувани драмски текстови во проза и во стихови.
 
=== Повоен период ===
По Ослободувањето извесно време работел во Прилеп, а потоа во Скопје како јазичен редактор во [[Култура (издавачка куќа)|Издавачкото претпријатие „Култура“]] (1946) и во Институтот за здравствено просветување на СРМ како раководител на Одделот за печат (1946-1953).
 
На еден конкурс ја освоил првата награда за расказот „Првите излегуваат“ (1947). Во меѓувреме ги продолжил студиите на Филозофскиот факултет (група за македонски јазик) во Скопје (1947/1948) и бил репресиран по [[Информбиро|Резолуцијата на Информбирото]] (1948). По дипломирањето (1952) преминал на работа како асистент во Одделението за јазик на [[Институт за фолклор|Институтот за фолклор]] (во јануари 1953), по два месеци осамостоен како Институт за македонски јазик, од каде што, како раководител на Одделението за современ јазик (1965-1986), заминал во пензија (1986).
Ред 68:
== Надворешни врски ==
* [http://www.oldprilep.com/prilepcani/blagoj-korubin.html Биографија на Благоја Корубин] — портал „Стар Прилеп“
* [http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=51311925277&id=16&setIzdanie=22279 Благоја Корубин најпознат лингвистјазичар меѓу народот] — „[[Нова Македонија]]“, 13 мај 2011
 
 
{{Нормативна контрола}}