Пајонци: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Пајонско кралство: Правописна исправка, replaced: Овчеполската котлина → Овчеполската Котлина
с →‎Етничка припадност: Јазична исправка, replaced: лингвисти → јазичари
Ред 38:
 
== Етничка припадност ==
Во источниот дел на Македонија живееле група на пајонски племиња. За етничката припадност на Пајонците, историчарите и лингвиститејазичарите имаат различни ставови. Г. Дројзден, К. Белох, Л. Мееркер и Р. Катичиќ (повоздржано) оцениле дека Пајонците се [[грци|хеленско племе]] <ref name="Pro">Историја ан Аргеадите, Наде Проева, Скопје, 2004</ref>. Оваа теза ја подржуваат грчките историчари и истражувачи, меѓу нив се Ј. Сворнос, А. Даскалакис, Ј. Калерис (аматер) и други. Еден дел од историчарите сметаат дека тие се [[Тракијци|тракиски народ]], оваа теза ја подржува Д. Дечев и поголем број на бугарски историчари. Според едно теза, Пајонците имале [[Илири|илирско потекло]]. ова тврдење го подржуваат П. Кречмер, Х. Крае, Ј. Русу и повеќе албански историчари. Според некои научници, Пајонците се предхеленски [[Индоевропски јазици|индоевропски народ]], а други сметаат дека Пајонците имаат [[Бриги|бригиски корени]]. [[Фанула Папазоглу]] и [[Наде Проева]] ја застапуват идејата дека Пајонците се сродни со [[Бриги]]те.<ref name="Pro" />
 
Во наративните извори, Пајонците секогаш се набројуваат одделно од Илирите и Тракијците. [[Страбон]] еднаш Пајонците ги нарекува Тракијци, меѓутоа кога Страбон пишува за Тракија, името на оваа област го користи во географска, а не во етничка смисла <ref name="Pro" />. За хеленските автори, тракиски народ биле и [[Гети]]те.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Пајонци