Разлика помеѓу преработките на „Влашки јазик“

Одземени 2 бајти ,  пред 1 година
с
→‎Историја: Јазична исправка, replaced: Лингвисти → Јазичари
с (→‎Историја: Правописна исправка, replaced: 0-тиот век → 0 век using AWB)
с (→‎Историја: Јазична исправка, replaced: Лингвисти → Јазичари)
Прашањето за одделноста на ароманскиот јазик од романскиот јасно е решено со одделувањето на двете популации јужно (Ароманците) и северно (Романците) кои биле латинизирани во текот на нападот на Римското Царство на Балканот. Доколку зборуваме за дијалекти на ист јазик, тогаш би морале да дојдеме до констатацијата дека овие два народи живееле некогаш заедно и зборувале ист јазик разделувајќи се по доаѓањето на Словените (што е дел од политичката пропаганда на [[Романија]]. Скорешните генетски истражувања укажуваат на спротивното.
 
За први регистрирани аромански (влашки) зборови се сметаат „torna, torna fratre!“ (товарот, товарот брате) изговорени за време на нападите на аварските племиња врз [[Византија|Византијската Империја]] во пределот на денешна [[Тракија]] (579-582 н.е.). ЛингвиститеЈазичарите кои беа свесни за постоењето и формата на ароманскиот јазик ја протолкуваа оваа реченица како „товарот, товарот брате“ заради формата "rastoarnã" (глагол) и „torna“ (именка) кои на аромански (влашки) означуваат растовар и товар, но доколку се земе в предвид латинската форма (и основа, како што и била протолкувана реченицата од Византијците) - реченицата би се протолкувала со глаголот торна (од лат. tornare) : „врати се брате врати се“.
 
За жал, пишаните извори на влашкиот јазик од поранешниот период (пред доаѓањето на Словените) се сведуваат на минимум, заради политичките пропаганди на двете најзаинтересирани држави за Власите - [[Грција]] и [[Романија]]. Се зборува за и одредени извори кои никогаш нема да нѝ бидат достапни, како пишаните дела на аромански (влашки) јазик од Св. Наум со словенски (кирилски) букви.