Лотна (филм од 1959): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с Правописна исправка, replaced: Војчех → Војќех
 
Ред 1:
'''Лотна''' ([[полски]]: ''Lotna'') e полски [[филм]] од 1959 година, во [[режија]] на [[Анджеј Вајда]], кој е автор и на [[сценарио]]то, заедно со [[ВојчехВојќех Цукровски]]. Главните улоги ги толкуваат: [[Јежи Пихелски]], [[Адам Павликовски]], [[Јежи Моес]], Мјечислав Лоза и Божена Куровска, а мала улога има и [[Роман Полански]].
 
==Синопсис==
Дејството на филмот се одвива во [[Полска]], на почетокот на [[Втората светска војна]]. Во текот на борбата со [[Германска армија|германската армија]], капетанот Ходакјевич (го игра Пихелски) здогледува убав [[арапски коњ]] кој галопира по бојното поле. Подоцна, неговиот одред се засолнува во еден [[дворец]], каде повторно ја гледаат кобилата за која дознаваат дека се вика Лотна. Притоа, нејзиниот сопственик му ја поклонува Лотна на [[Офицер|капетанот]], но таа им се допаѓа и на другите [[офицер]]и во одредот. Наскоро, капетанот погинува во борбата, а кобилата му припаѓа на кадетот Јурек Грабовски (го игра Моес), кој се однесува грижливо со неа. Одредот застанува во едно [[село]], каде кадетот ја среќава [[Учител|учителкатаучител]]ката Ева (ја игра Куровска) и тие веднаш прават [[свадба]]. Меѓутоа, германската војска го бомбардира одредот при што кадетот умира, а кобилата ја наследува [[Офицер|поручникот]] Водницки (го игра Павликовски). Меѓутоа, во текот на една борба со непријателот, додека тој лежи изнемоштен, наредникот Латон (го игра Лоза) ја краде кобилата, но таа се сопнува и ја крши ногата. За да ја спаси од измачувањето, наредникот мора да ја убие Лотна.<ref>[https://www.imdb.com/title/tt0053019/ IMDb, Speed (1959) (пристапено на 29.3.2019)]</ref>
 
== Наводи ==
{{наводи}}
 
[[Категорија: Полски филмови]]
[[Категорија: Филмови на полски јазик]]
[[Категорија: Филмови од 1959 година]]
[[Категорија: Филмови на Анджеј Вајда]]
[[Категорија: Филмови со Јежи Пихелски]]
[[Категорија: Филмови со Адам Павликовски]]
[[Категорија: Филмови со Мјечислав Лоза]]
[[Категорија: Филмови со Божена Куровска]]
[[Категорија: Филмови со Роман Полански]]
[[Категорија: Филмови со Јежи Моес]]
[[Категорија: Филмови чие дејствие се одвива во Полска]]
[[Категорија: Филмови за Втората светска војна]]