Разлика помеѓу преработките на „Витамин“

Додадени 38 бајти ,  пред 1 година
с
Замена со македонски назив на предлошка, replaced: cite web → Наведена мрежна страница
с (Отстрането уредувањето на 92.53.14.33 (разговор), вратено на последната верзија на KasparBot)
с (Замена со македонски назив на предлошка, replaced: cite web → Наведена мрежна страница)
 
}}
 
'''Витамините''' ({{lang-la|vita-живот; amin-амин, органско соединение со азот}}) се [[Комплекс (хемија)|комплексни соединенија]] од различна хемиска природа кои се важни за нормалното биолошко функционирање на многу живи суштества. Поточно, тие во многу мали количини се потребни за [[раст]]ењето, нормалното функционирање на [[Клетка|клетките]] и [[Ткиво|ткивата]] и општо, за одржување на здравјето. Растенијата и некои микроорганизми се способни сами да ги [[Синтеза|синтетизираат]] сите потребни витамини, додека животните одредени витамини ги создаваат сами, а други мора да ги внесат преку исхраната. Витамините се делат на ''витамини растворливи во вода'' и ''витамини растворливи во масти''.
 
Витамините се среќаваат во две основни форми: ''активна'' (дејствуваат веднаш во организмот) и ''неактивна'' (за да дејствуваат, треба да се активираат). Повеќето витамини, животните ги внесуваат во активна форма, но има и такви, како витамините A и D кои се внесуваат во [[Организам|организмот]] во неактивна форма. Витамините во неактивна форма се означуваат како [[провитамин]]и. Сите витамини [[раствор]]ливи во [[вода]], освен витаминот C, влегуваат во структурата на одредени [[ензим]]и како [[коензим]]и. Делумниот недостиг на определен витамин во организмот се нарекува [[хиповитаминоза]], додека целосниот недостиг-[[авитаминоза]]. Меѓутоа, и преголемата застапеност на одреден витамин во организмот е штетна, состојба означена како [[хипервитаминоза]]. При различните хипо-, а- или хипервитаминози, доаѓа до различни нарушувања на организмот.
 
== Историја ==
|+ Години на откривање на витамините и нивните извори
|- class="hintergrundfarbe6"
! Година на </br /> откривање !! Витамин !! Извор
|-
| 1913 || Витамин A ([[Ретинол]]) || Масло од црн дроб од бакалар
| 1920 || Витамин B<sub>2</sub> ([[Рибофлавин]]) || [[Месо]], [[јајца]]
|-
| 1922 || Витамин E ([[Токоферол]])|| Масло од никулецот од житото, </br /> нерафинирани растителни масла
|-
| 1926 || [[Кобаламин|Витамин B<sub>12</sub>]] (Кобаламини) || [[Црн дроб]], [[јајца]], </br /> животински производи
|-
| 1929 || Витамин K<sub>1</sub> ([[Филокинон]]) || Листест зеленчук
Во 1912 година полскиот биохемичар [[Казимир Функ]] изолирал комплекс на микронутриенти и предложил комплексот да биде наречен „витамин“.
 
Во 1929 година, [[Фредерик Хопкинс]] и [[Кристијан Ајкман]] биле наградени со Нобелова награда за физиологија или медицина за откривањето на неколку витамини.<ref name= Carpenter>{{citeНаведена webмрежна страница |last = Carpenter|first = Kenneth|title = The Nobel Prize and the Discovery of Vitamins|url = http://nobelprize.org/nobel_prizes/medicine/articles/carpenter/index.html|publisher = Nobelprize.org|date = 22 June 2004|accessdate = 5 October 2009}}</ref>
 
Во 1943 година, [[Едвард Адалберт Дојзи]] и [[Хенрик Дан]] биле наградени со Нобелова награда за физиологија или медицина за нивното откривање на [[витамин К|витаминот К]] и неговата хемиска структура.
 
== Поврзано ==
 
 
== Наводи ==
 
== Надворешни врски ==
 
 
{{Витамини}}
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Витамини| ]]
[[Категорија:Хранливи материи]]