Ференц Казинци: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Правописна исправка, replaced: 9-ти век → 9 век, 9-тиот век → 9 век using AWB
с →‎Животопис: Јазична исправка, replaced: == Биографија == → == Животопис ==
Ред 4:
'''Ференц Казинци''' ([[унгарски]]: ''Kazinczy Ferenc'', {{роден на|27|октомври|1759}} - {{починал на|23|август|1831}}) е [[Унгарија|унгарски]] [[поет]], најнеуморниот агитатор на регенерацијата на [[унгарски|унгарскиот јазик]] и литература на крајот од 18-ти и почетокот на 19 век. Неговото име денес е поврзано со Големата Јазична Реформа на 19 век, кога се исковуваат и возобновуваат илјадници зборови, кои му овозможуваат на унгарскиот јазик враќање на патот на индустриско-технолошкиот напредок и негово прогласување за службен јазик во [[Унгарија]] во [[1844]].
 
== БиографијаЖивотопис ==
 
Роден е во [[Ерсемлјен]], Унгарија. студира право во [[Кошице|Каша]] и [[Прешов|Еперјеш]], како и во [[Будимпешта|Пешта]], каде исто така се здобива и со темелно знаење за [[француска литература|француската]] и [[германска литература|германската литература]], а се запознава и со [[Гидеон Радај]], кој пак му ја отстапува својата библиотека. Во 1784 Казинци станува помошник-нотар во [[Абој]], а две години подоцна номиниран е за школски инспектор во Каша. Таму почнува да се посветува на својата идеја за возобновување на [[унгарски|унгарскиот јазик]] и литература преку преведување на странски класици и проширување на древниот унгарски речник. Во 1788, со помоѓ на [[Давид Бароти Сабо]] и [[Јанош Бачањи]], во Каша го основа првиот унгарски литературен информатор, списанието ''Magyar Muzeum'' (Унгарски Музеј);''Орфеј'', кој ќе го наследи во 1790 година е негова лична креација. Иако по доаѓањето на власт на [[Леополд II]], Казинци, како не-католик бил приморан да го напушти своето работно место во Каша, неговата литературна активност воопшто не се намалува. Не само што му помага на Радај во основањето на првото унгарско драматуршко друштво, туку и го збогатува неговиот репертоар со неколку драми - преводи на неколку дела на странски автори. Неговиот ''[[Хамлет]]'', кој е испечатен во 1790 година, својот препев го базира врз германската верзија на ова дело, во превод на Шредер.