Стефан Марковски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична исправка, replaced: == Биографија == → == Животопис ==
Ред 20:
}}
 
'''Стефан Марковски''' ({{роден во|Гевгелија}}, {{роден на|1|декември|1990}}) — македонски писател, поет, сценарист и филозоф.
 
== БиографијаЖивотопис ==
 
Стефан Марковски е роден во [[Гевгелија]], каде завршил основно и средно образование. Дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност при [[Филолошки факултет „Блаже Конески“ - Скопје|Филолошкиот Факултет „Блаже Конески“]], како и на [[Институтот за Филозофија]] на [[Филозофски факултет - Скопје|Филозофскиот факултет]] при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
 
Магистрирал Филмско и ТВ сценарио на [[Факултет за драмски уметности - Скопје|Факултетот за Драмски Уметности]].
 
Пишува уште од основноучилишните денови, кога ги завршил и своите први книги.
Ред 32:
За романот „Еднонасочно“ во 2009-та ја добил наградата „Петре М. Андреевски“ од Фондацијата „Рамковски“.<ref>[http://www.idividi.com.mk/vesti/makedonija/553865/index.htm Романот „Еднонасочно“, добитник на наградта Петре М. Андреевски за 2009, промовиран во Гевгелија]</ref>
 
Во 2014-та му е врачено признанието на Општина Гевгелија – „7 Ноември“ <ref>[http://jugoinfo.mk/index.php?id=5076 Објавени добитниците на Седмоноемвриската награда на Гевгелија]</ref> за достигнувања во културата и придонес во културната афирмација на градот.
 
Добитник е на „Гран При“ на поетскиот фестивал „Литературни Искри“ – Гостивар.<ref>[http://www.telegraf.mk/kultura/poezija-kultura/275987-gran-pri-za-stefan-markovski-na-poetskiot-festival-literaturni-iskri Гран при за Стефан Марковски на поетскот фестивал „Литературни Искри“]</ref>
Ред 38:
Во 2015-та ја добил наградата „[[Македонска книжевна авангарда]]“ за збирката раскази „Продавачот на ветар и магла и други приказни“.[http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=8560CA698EFE164FA45AF0CEB97462F9]
 
За поетската збирка „Сиво сјаат вселените“ во 2016-та ја добил наградата „[[Бели мугри (награда)|Бели мугри]]“[http://plusinfo.mk/vest/95238/nagrada-beli-mugri-za-stefan-markovski], а следната година и наградите „Крсте Чачански“[http://novamakedonija.com.mk/NewsDetail?title=Наградата-Крсте-Чачански--ја-доби-Стефан-Марковски&id=e5178622-4b65-4b40-be13-23f8c6c5c284] и „Книжевно перо“[http://plusinfo.mk/vest/133952/stefan-markovski-nagraden-so-knizevno-pero-vo-hrvatska] од Хрватското книжевно друштво за збирката кратки раскази „Смртта долетува насмевната“.
 
Добитник е и на неколку домашни и странски награди за есеи, како и на книжевни резиденции.
 
Застапен е во повеќе антологии. Објавува студии и статии во различни списанија за литература, уметност, наука и филозофија од земјата и странство.
 
Извадоци од неговото творештво и книги се преведени и објавени на повеќе јазици.
 
Марковски е главен и одговорен уредник на списанието за литература, култура и уметност „[[Современост]]“ и уредник на поетските збирки вклучени во проектот „Метрички карван“.
 
Член е на [[Друштво на писателите на Македонија|Друштвото на писателите на Македонија]], платформата ''Версополис''<ref>{{Наведена мрежна страница|url=https://www.versopolis-poetry.com/poet/217/stefan-markovski|title=Stefan Markovski|last=|first=|date=|work=Versopolis poetry|archive-url=|archive-date=|dead-url=|accessdate=}}</ref>, Македонскиот центар на Интернационалниот театарски институт (ИТИ) и други меѓународни асоцијации.
[[Податотека:Настап и предавање на Марковски во библиотеката Сан Херонимо во Сан Себастијан, Шпанија.jpg|мини|Настап и предавање на Марковски во библиотеката Сан Херонимо во Сан Себастијан, Шпанија]]
 
== Творештво ==
Марковски е автор на дела од повеќе области и жанрови, вклучувајќи прозни, поетски, драмски и теориски книги.
 
*Романи: ''Еднонасочно'', 2009; ''Еретички писма или наоѓајќи ги небата што сјаат црвено'', 2018.
Ред 59:
*Психолошки и филозофски дела: ''Хиерархиска еволуција на свеста'', 2012; ''Мета(де)конструкција и општа филозофија'', 2012; ''Среќата е глагол'', 2013
*Драма: ''Мајстори за огледала'', 2019.
*Теорија: ''Потенцијалите на жанрот крими-драма преку сценариото за игран филм „Се викам Слобода“'', 2019.
 
Во 2019-та бил објавен и поетски избор од Марковски на македонски и англиски јазик насловен ''Promised Land''<ref>{{Наведена мрежна страница|url=https://www.amazon.com/dp/B07Q5GFQ3C/|title=Promised Land Kindle Edition|last=Markovski|first=Stefan|date=28.03.2019|work=Amazon|archive-url=|archive-date=|dead-url=|accessdate=}}</ref>.
 
Покрај своето книжевно творештво, Марковски е автор на трудови, меѓу кои и на пионерски прегледен труд од областа на неврофилозофијата, насловен „Улогата и влијанието на неврофилозофијата врз современите когнитивистички и физиолошки парадигми за свеста“, објавен во 2018 година, како и „Вештачката интелигенција и можноста за програма-генератор на текстови на македонски литературен јазик“, студија која ги анализира можностите за развивање оперативна вештачка интелигенција на македонски јазик.
 
== Наводи ==