Спас Мартинов: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с →‎Животопис: Јазична исправка, replaced: == Биографија == → == Животопис ==
Ред 12:
'''Спас Мартинов''' — [[Македонци|македонски]] деец, учесник во македонското револуционерно движење, член и раководител на [[Македонска револуционерна организација|Македонската револуционерна организација]].
 
== БиографијаЖивотопис ==
 
Роден е во [[1872]] година во [[Битола]]. Во [[1896]] година завршува словенска филологија на Софискиот универзитет по што учителства во [[Македонија]]. За време на [[Солунска афера|Солунската афера]] од [[јануари]] [[1901]] година, е известен од [[Иван Хаџи Николов]] за апсењата на турската полиција и успеал да се сокрие. Од таму оди како наставник во [[Едрене]], каде што во [[1901]] година е назначен за претседател на ''Одринскиот окружен револуционерен комитет''. Помеѓу 13-15 април [[1902]] година во [[Пловдив]] учествува на конгресот на [[Одрински револуционерен округ|Одринскиот револуционерен округ]], заедно со [[Гоце Делчев]] и [[Михаил Герџиков]], каде што е избран за член на окружниот комитет <ref>Караманджуков, Христо. „Западнотракийските българи в своето култорно-историческо минало с особен поглед към тяхното политико-революционно движение“, София, 1934, стр. 80.</ref>. Истата година е избран за член на [[Централен комитет на МРО|Централниот комитет]], заедно со [[Иван Гарванов]] и [[Димитар Мирчев]]. Во [[1903]] година учествува на [[Солунски конгрес од 1903|Солунскиот конгрес]]. Во пролета истата година е уапсен од страна на турските власти и екстрадиран во [[Бугарија]]. За време на [[Илинденското востание]] работи во [[Задгранично претставништво|Задграничното претставништво]]. Подоцна во 1904 година зема учество во подготовките на чети, кои требало да заминат во внатрешноста на [[Македонија]]. Потоа, тој е учител во Свиштов без да прекинува своите активности во [[Македонска револуционерна организација|Македонската револуционерна организација]]. Спас Мартинов умрел во [[Софија]] на [[30 декември]] [[1937]] година <ref>[http://www.vmro.org/modules.php?name=Encyclopedia&op=content&tid=167 Биография на сайта на ВМРО]</ref>.