Раде Јовчевски - Корчагин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична исправка, replaced: == Биографија == → == Животопис ==
Ред 16:
'''Раде Јовчевски - Корчагин''' ([[14 август]] [[1919]] - [[20 февруари]] [[1943]]) — [[македонци|македонски]] [[Сојуз на комунистите на Македонија|комунист]], учесник во [[НОВ]] и [[народен херој на Југославија]] од [[Македонија]].<ref>„Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 645 стр.</ref>
 
== БиографијаЖивотопис ==
[[File:Korchagin - NBRM.jpg|thumb|Споменик на локацијата на родната куќа на Раде Јовчевски - Корчагин, во склоп на комплексот на Народната банка на Македонија]]
 
=== Почетоци ===
Раде Јовчевски бил роден на [[14 август]] [[1919]] година во [[Скопје]] во скромно занаетчиско семејство. Неговиот татко Коста бил познат скопски [[чевларство|чевлар]]. Своето основно образование Раде го започнал во локалното скопско училиште и бил солиден ученик. Иако Раде сакал да го продолжи своето образование, сепак поради сиромаштијата тоа не му било овозможено и морал да почен да изучува занает. Раде Јовчевски се помирил со тоа и решил да почне да изучува некој занает кој ќе биде поплатен и постабилен од тој на татко му. Така, во 1933 година почнал да го посетува училиштето за трговска младина како кожарски работник. Корчагин работел и изучувал занает цели три години, но откако завршил со обуката тој не нашол работа во Скопје. Поради тоа, Раде Корчагин заминал за [[Белград]]. Таму нашол работа по занает и се зачленил во кожарскиот и крзнениот синдикат. Тогаш се стекнал и со прекарот „Корчагин“<ref name="spomenkniga">„Беа, загинаа, останаа“ - спомен книга на загинатите борци во НОВ и жртвите на фашизмот - Скопје. 1969, 11 стр.</ref> Бидејќи се покажал како вреден и одлучен човек, Раде Корчагин бил назначен за секретар на синдикатот во 1938 година, а веќе во 1939 година станал и член на Комунистичката партија на Југославија.<ref name="херои">Народни херои од Македонија, Наша книга, Скопје, 1973 г., стр. 145-149</ref>
 
=== Активизам ===
Ред 30:
[[File:Раде Јовчевски Корчагин (Споменик).jpg|thumb|mini|десно|Споменик на Раде Јовчевски - Корчагин во дворот на истоимената скопска гимназија]]
 
Во Скопје во куќата на Ганко Петковски одредот и соборците на Раде ги прибирале последните сили за обновување на нивните дејства и акции. Вечерта на 20 февруари 193 година, Раде заедно со останатите активисти сакале да се префрлат во куќата на Јорда Нешевска, денес во Маџир-маало. Без нивно знаење, тие биле предадени и куќата била опколена од бугарската полиција. Полицијата почнала да ги гони активистите. Во тие бркотници Раде бил ранет од страна на бугарската полиција. Така ранет немилосрдно бил убиен од бугарската полиција со неколку куршуми и со избикот „Еве ти ја слободата“. <ref name="херои"/>
 
=== Постхумно одликување и чест ===