Петар Манџуков: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиена последната промена (од 46.217.190.211) и ја поврати преработката 3645111 на Zdravko
с Јазична исправка, replaced: == Биографија == → == Животопис ==
Ред 1:
{{Биографија инфо
| име = Петар Манџуков
| портрет = Петар Манџуков.jpg
Ред 10:
| починал-место = {{починал во|Пловдив}}, [[Бугарија]]
}}
'''Петар Манџуков''' ([[20 јули]] [[1878]] - [[1 јануари]] [[1966]]) — македонски револуционер, просветен работник, [[анархист]], учесник во четата на [[Гоце Делчев]], еден од основачите на [[Македонски таен револуционерен комитет|Македонскиот таен револуционерен комитет]] во Женева (1898 г.), како и соработник на илегалните весници „Отм'штение“ и „Глас“. Позната е неговата мемоарска проза „Предвесници на бурата“<ref>''Предвесници на бурата'', стр 141.</ref> ценет автор на мемоарска белетристика.
 
== БиографијаЖивотопис ==
 
=== Образование и првите контакти со македонското револуционерно движење ===
Роден е во скопското селото [[Мирковци]] на [[Скопска Црна Гора]], а основно училиште завршува во [[Ловеч]], [[Бугарија]]. Средното образование го започнал во [[Пловдив]] под непосредно менторство на неговиот вујко, митрополитот охридски и пловдивски [[Натанаил Кучевишки]].
 
Поради личното ангажирање во работата на месниот анахристички кружок, есента 1895 година е исклучен од пловдивската гимназија во V клас и образованието го продолжува во [[Казанлак]] и [[Лом]].
Ред 21:
=== Приклучување кон МТРК ===
 
Кон крајот на мај 1898 пристигнува во Женева со намера да студира хемија. Сепак, вистинскиот повод за неговото доаѓање во [[Швајцарија]] е желбата за директно поврзување со МТРК и стекнување на неопходна теоретска подготовка за идната анархистичка револуционерна дејност.
 
Соработувајќи агилно со предводниците на овој кружок: [[Михаил Герџиков]], [[Светослав Мерџанов]], [[Петар Соколов]], [[Јордан Калчев]] и другите, сосема ги запоставува студиите.
 
Во Женева, од француски на бугарски ја преведува брошурата на [[Себастиен Фор]] „Престапите на Бога“, а од руски „Речта на Емил Анри“. Двата превода му ги доставува на [[Гоце Делчев]] за да ги публикува.
Ред 29:
=== Враќање во Македонија, приклучување кон четата на Гоце Делчев ===
 
Напуштајќи ги дефинитивно студиите, по краткотраен престој во [[Бугарија]], заминува во [[Македонија]] со задача да организира анархистички кружоци во Солунската егзархиска гимназија и Скопското педагошко училиште.
 
Меѓутоа во јануари [[1899]] ќе биде откриен од турските власти во [[Скопје]], каде што ќе помине неколку месеци во истражниот затвор. Ослободен поради недостиг од докази, тој заедно со четата на [[Гоце Делчев]] ќе крстосува низ [[Македонија]] и ќе присуствува на средбата на револуционерните чети во подножјето на Спиров Чукар, [[Сер|Серско]]ско.
 
=== Акции ===
 
Кон крајот на ноември 1899 година, заедно со Светослав Мерџанов, пристигнуваат во [[Цариград]] со тајна задача, да ископаат тунел до Отоманската банка и да ја минираат.
 
Акцијата е финансирана од [[Врховен македонски комитет|Врховниот македонски комитет]] од [[Софија]] предводен од [[Борис Сарафов]]. Подоцна ним ќе им се приклучат и други анархисти како [[Павел Шатев]].
 
Потфатот во Цариград доживува целосен неуспех при откривањето на тунелот во еден случаен пожар во близина на банката. Главните негови актери се веднаш затворени, но по интервенција на бугарскиот диполоматски претставник во Цариград Иван Гешов тие се екстрадирани во [[Бугарија]].
 
Во септември [[1901]] година Манџуков на чело на чета презел обид да ослободи од затворот во Едрене [[Слави Мерџанов]], како за цел, тој планирал да го завземе Ориент Експрес и да ги земе патниците како заложници, но претрпел неуспех. Без пари, во летото на 1902 година во Софија, тој го планирал убиството на еден свој познаник од Цариград, но откако претходно без негово знаење го осугурал на свое име за големи сума пари, чија сима би била исплатена на трето лице. Потфатот пропаднал поради ненадејното заминување на незнајната жртва. По неуспехот Манџуков извесно време се занимавал со уцени во корист на Врховниот комитет.
Ред 46:
=== Натамошен живот ===
 
Смислата во натамошниот живот ја пронаоѓа во посветувањето на едно благородно општополезно дело. Завршувајќи више образование на шумарската академија во [[Нанси]] (Франција) во 1909 година, до крајот на својот живот ќе работи на зачувување и збогатување на природните богатства на [[Бугарија]].
 
Починал во [[Пловдив]] во поодмината старост во 1966 година.
 
=== Дела ===
 
Манџуков е автор е на две дела „Одисеја на првите“ (1947), посветено на страдањата на првите шумари во Бугарија и на петтомната мемоарска проза „Предвесници на бурата“ (1993) чиј оригинален ракопис е депониран во архивот на градот Пловдив, заедно со целокупната негова литературна оставнина.
 
Таа, според идејно-содржинската структурираност и според начинот на обликувањето на третираната материја се вбројува меѓу најдобрите обрасци на овој вид литература.
 
==Цитати==
:„По некаква верна интуиција, каква што поседуваат само народите, Македонците го чувстуваа Фердинанд како душман на македонскиот народ; душманот, по чијашто заповед и самоволие, четата на дворцовиот агент Тодор Панов (како што гласеше бугарското име на Ерменецот-авантурист Торос Степањан) во почетокот на Првата европска војна, ќе го искасапи речиси целото население на прилепските села: Слепче, Маргари, Долгаец и Богомила… за да се всее по таков начин крвна омраза меѓу бугарскиот и македонскиот народ…“<ref>''Предвесници на бурата'', стр 477.</ref>
 
:„Нашиот несреќен македонски народ е изложен на безброј несреќи и понижувања од Турците... Далеку позагрижувачки е поведението на Европа, која за сметка на своите сомнителни интереси го заборава својот долг кон еден мал народ во срцето на светот. Ми се чини дека нашата должност во моментот е борбата да ни биде свртена кон таа Европа, која одлучува за судбината на нашиот народ, а потоа борбата со Турците ќе биде беспредметна. Чинам дека треба да сториме се, да ја заболи Европа, удирајќи ја по џебот за да се свести дека и другите поробени луѓе имаат право на живот и слобода... македонскиот народ... не може да се ослободи со едно востание... Ние сакаме да жртвуваме сопствени, а не народни животи... Ние сакаме повремено да предизвикуваме судири... и преку нашата крв да го свртуваме вниманието и симпатиите на човекољубивата Европа... македонското прашање ќе може... да се реши само ако ние, водечките Македонци... постојано предизвикуваме безредици."<ref>К. Битоски, ''Солунски атентати'', Скопје, 1985.</ref>
 
== Наводи ==
<references/>
 
== Надворешни врски ==