Миодраг Павловиќ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
#WPWPMK , #WPWP
с Јазична исправка, replaced: == Биографија == → == Животопис ==
Ред 24:
}}
 
[[Податотека: Миодраг Павловић.jpg|мини|десно|Миодраг Павловиќ]]
 
'''Миодраг Павловиќ''' ([[Српски јазик|српски]]: ''Миодраг Павловић'') ({{роден на|28|ноември|1928}}, [[Нови Сад]] - [[17 август]] [[2014]], [[Тутлинген]], [[Германија]]) — [[Срби|српски]] [[писател]], [[поет]] и [[есеј|есеист]], член на [[Српска академија на науките и уметностите|Српската академија на науките и уметностите]].
 
== БиографијаЖивотопис ==
[[Податотека:Miodrag Pavlovic.jpg|мини|Миодраг Павловиќ]]
Основното и средното училиште ги завршил во [[Белград]], каде потоа студирал на [[медицина|Медицинскиот]] факултет (од [[1947]] до [[1954]] година). Во [[1960]] година станал директор на ''Народниот Театар во Белград'', а дваесет години работел како главен уредник на водечката издавачка куќа во [[СФРЈ]] - ''[[Просвета]]''. Во [[1985]] година станал член на ''[[САНУ|Српската Академија на Науките и Уметностите]]'' во отсекот за [[Јазик|јазик]] и [[литература]]. Живеел во [[Белград]] и во [[Тутлинген]] ([[Германија]]), каде што починал.
 
== Творештво ==
Во [[1952]] година ја објавил првата збирка [[поезија]] - „[[87 песни]]“ (''87 pesama''), која се појавила во годината кога југословенските власти, како одговор на едно јавно барање од големиот [[хрватска|хрватски]] [[писател]] [[Мирослав Крлежа]], дозволиле поголема слобода на изразување во [[политика]]та и [[уметност]]а. Следната година излегла втората збирка „[[Столб на сеќавањата]]“ (''Stub sećanja''). Во овие две рани збирки тој бил преокупиран со деструктивните биолошки и општествени сили, а неговата поетска постапка се одликува со скептичен и трагачки став којшто ги исклучува сите видови лековерност и илузии. Третата збирка на Павловиќ, „Октави“ (''Oktave'') се појавила во [[1957]] година и може да се смета како починка во неговиот поетски развој. Глвна тема на оваа збирка е природата како можен дом на човекот. „[[Млеко на исконот]]“ (''Mleko iskoni'') од [[1962]] година е првата од серијата неколку збирки во кои тој се осврнува на некои клучни човечки ситуации во контекстот на одредени историски и [[Мит|митскимит]]ски ориентири. Со исклучок на неколку поведри моменти, во оваа збирка речиси целосно преовладуваат апокалиптичните помрачувања на моралните и духовните вредности на [[Стара Грција]]. Врз таа основа, но со поамбиентални белези, се појавиле збирките „[[Голема Скитија]]“ (''Velika Skitija'') од [[1969]] и „[[Нова Скитија]]“ (''Nova Skitija'') од [[1970]] година, во кои тој се насочил кон „истражување на историјата“ и испитување на потеклото, смислата и законот на песната.<ref>Slavko Gordić, „Pesnik povesti i kulture“, во: Miodrag Pavlović, ''Izabrane pesme''. Beograd: Rad, 1979, стр. 151-156.</ref>
 
Потоа, во [[1971]] година излегла збирката ''Hododarje'', која го истакнала [[простор]]от како поетска тема, сфатен како видик на културната историја. Во неа се содржани и низа песни посветени на познати поети, како: [[Петар Петровиќ - Његош|Његош]], [[Хелдерлин]], [[Владислав Петковиќ - Дис|Дис]], [[Продановиќ]] итн., иако во збирката се испреплетуваат повеќе теми (туѓината, [[љубов]]та, [[војна]]та, [[Словени|словенското]] дамнешно минато итн.). Притоа, иако ја напуштил техниката на повеќегласно исповедување и разговор, карактеристична за претходните три збирки, и во оваа [[книга]] Павловиќ го задржува извештајниот, наративен манир. Во 1971 година излегла и неговата осма поетска збирка „[[Светли и темни празници]]“ (''Svetli i tamni praznici'') која претежно произлегува од двете „Скитии“, т.е. Павловиќ повторно се насочил кон клучните егзистенцијални и духовни ситуации. Во неа, тој дава слободна поетска интерпретација на библиските и другите христијански мотиви, а во книгата преовладува црно-бела радикална поетика и етика. Деветтата збирка „Завети“ (''Zavetine'') од [[1976]] година потсетува на [[Сатира|сатирично]]-[[Гротеска|гротескниот]] и [[Иронија (стилистика)|ироничен]] говор од првите две збирки, но во неа се забележуваат нови слики - секојдневни, депоетизирани и депатетизирани (улици, самопослуги, [[леб]], [[пари]], [[радио]]-вести итн.). На истата линија е и збирката „[[Карики (книга на Миодраг Павловиќ)|Карики]]“ (''Karike'') од [[1977]] година, во која се одликува со лежерен тон, едноставен јазик и облик, како и склоност за минијатура и скица.<ref>Slavko Gordić, „Pesnik povesti i kulture“, во: Miodrag Pavlović, ''Izabrane pesme''. Beograd: Rad, 1979, стр. 157-160.</ref>
 
Мотивот кој преовладува во поезијата на Миодраг Павловиќ, слично како и кај многу други поети од [[СФРЈ|поранешна Југославија]], [[Романија]], [[Бугарија]], [[Република Македонија]], [[Грција]] и [[Албанија]] е врската меѓу античките жители на [[Балкан]]от и нивните современи потомци. Во творештвото на Павловиќ, како и кај македонскиот поет [[Богомил Ѓузел]] и албанскиот писател [[Исмаил Кадаре]], има чести алузии на античкото и средновековно минато. Меѓу попознатите историски поеми на Павловиќ по својот квалитет се издвојуваат ''Odisej na Kirkinom ostrvu'' (''„Одисеј на островот на Кирка“''), ''Eleuzijske seni'' („''Елисејските сенки''“), ''Vasilije II Bugaroubica'' („''Василиј II Бугароубиецот''“) и ''Косово''. Овие песни се [[алегорија|алегорични]] и универзални, бидејќи раскажуваат приказни за измамите и стравот. Во сегашно време се напишани ''„Затвореник“'' (ненасловено во оригиналното издание), „''Реквием''“, ''Strah'' („''Страв''“), ''Pod zemlyom'' (''„Под земја“'') и ''Kavge'' (''„Кавги“'').
 
Поезијата на Павловиќ често наидувала на недоразбирање кај критичарите, кои му забележувале дека е строга, студена, класична и „функционална“. Сепак, неговите песни се одликуваат со богатство на поетски сценарија и емотивни тоналитети,<ref>Slavko Gordić, „Pesnik povesti i kulture“, во: Miodrag Pavlović, ''Izabrane pesme''. Beograd: Rad, 1979, стр. 151.</ref> со кои тој го зазема едно од најистакнатите места во српската и југословеската поезија.<ref>Slavko Gordić, „Pesnik povesti i kulture“, во: Miodrag Pavlović, ''Izabrane pesme''. Beograd: Rad, 1979, стр. 161.</ref>
 
== Награди ==
Ред 54:
{{Добитници на Златен венец}}
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Павловиќ, Миодраг}}
{{Нормативна контрола}}
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Павловиќ, Миодраг}}
[[Категорија:Српски поети]]
[[Категорија:Српски писатели]]