Лазо Колевски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична исправка, replaced: == Биографија == → == Животопис ==
Ред 13:
'''Лазо Филипов Колевски – Лавски''' (познат и како '''Лазо Филипоски''') ({{роден во|Мрзен Ораовец}}, Кавадаречко, {{роден на|||1918}} - {{починал во|Плетвар}}, {{починал на|2|март|1942}}) бил македонски комунист, учесник во [[НОВ]]. Заедно со [[Боро Петрушевски]], Колевски бил првиот кој на [[8 септември]] [[1941]] година убил непријателски војник по [[Окупација на Македонија во Втората светска војна|окупацијата на Македонија]] во [[Втората светска војна]]. Прогласен е за [[народен херој на Југославија]] на [[11 октомври]] [[1953]] година.<ref>„Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 712-713 стр.</ref>
 
== БиографијаЖивотопис ==
Рано останал без мајка и тешкиот живот го принудил заедно со татко му да се пресели во [[Прилеп]], каде што завршил основно образование. Во [[1935]] година се преселил во [[Градско]], каде работел како чирак во една пекара. Во [[Велес]] дошол во контакт со тамошните револуционери и од тој момент започнал неговиот бурен живот.
 
Ред 22:
== Учество во НОВ ==
[[File:Spomenik NOB na Pletvar.jpg|thumb|Споменик на Плетвар на местото на убиството на Лазо Колевски и Борка Талески]]
По капитулацијата на [[Кралство Југославија|Југославија]] бил член на Месниот воен штаб на МК на КПЈ во Прилеп и инструктор за ракување со оружје, а едно од складиштата за оружје била и неговата куќа.
 
На [[8 септември]] [[1941]] година, заедно со [[Ѓоре Велкоски]], Гиго Менкароски и Борко Петрески, по добиена задача од Месниот комитет, оди кај тунелот на [[Бабуна (планина)|Бабуна]] со цел да ги испита условите за минирање на железничкиот тунел кај село [[Гостиражни]]. Колевски, Велкоски и Менкароски, извршувајќи ја поставената задача, наишле на бугарска стража што го обезбедувала тунелот при што биле сопрени и им биле побарани лични документи. Колевски, наместо лична карта, го извадил револверот и стрелал во стражарот, кој паднал убиен. Во престрелката бил ранет уште еден окупаторски војник.<ref>Ацески, цит. дело, 36 стр.</ref>
Ред 28:
Набрзо потоа, Колевски е еден од седумте први прилепски партизани, кои на [[12 септември]] [[1941]] година, во месноста Бидимаш на [[Селечка Планина|Селечка]], ја формираат [[Прилепска партизанска чета|првата партизанска чета]].<ref>[http://www.oldprilep.com/vojvodi-i-heroi/joska-jordanoski-sandanski.html „Јоска Јорданоски – Сандански“, Old Prilep]</ref> По вклучувањето на четата во [[Прилепски партизански одред „Гоце Делчев“|Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“]] и Колевски станал дел од Одредот, а на [[25 октомври]] [[1941]] година, со само 23 години, е назначен за негов заменик командант.<ref>Љубен Георгиевски - Љупта, „Тарцан: монографија за Трајко Бошкоски-Тарцан–Илинденски“, Скопје, 1994, 216 стр.</ref>
 
По расформирањето на одредот, преминал во илегала. На почетокот на 1942 година оди по партиска работа во Тиквешката околија. На [[2 март]] [[1942]] година, враќајќи се од [[Кавадарци]] за [[Прилеп]], заедно со [[Борка Талески|Борка Талески – Модерното]], близу [[Плетвар]] наидуваат на бугарска заседа, при што загинуваат и двајцата.
 
За народен херој бил прогласен на 11 октомври 1953 година.<ref>„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 185</ref>
 
== Наводи ==
{{наводи}}
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Колевски, Лазо}}
{{Народни херои на Македонија}}
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Колевски, Лазо}}
[[Категорија:Македонски комунисти]]
[[Категорија:Народни херои на Југославија од Македонија]]