Драган Димитровски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Јазична исправка, replaced: == Биографија == → == Животопис ==
Ред 11:
| наставка =
}}
'''Драган Димитровски''' (роден во {{роден на|||1934}} година во [[Скопје]]) — македонски научник и универзитетски професор.
 
== БиографијаЖивотопис ==
 
Димитровски е роден во [[Скопје]] во [[1934]] година. Дипломирал математика на [[Природно-математички факултет - Скопје|Природно-математичкиот факултет]] во [[Скопје]] во [[1958]] година, а докторирал во [[1968]] година на тема „''Прилог кон теоријата на обоп­штените аналитички функции''“. За асистент на ПМФ бил избран во [[1960]] година. Доцент станал во [[1968]] година, вонреден професор од [[1973]] година, а редовен професор од [[1981]] година. Бил продекан на Природно-математичкиот факултет од [[1974]] до [[1976]] година како и шеф на Институтот за математика (од 1993 до 1997 г.).
 
Во својата 43-годишна наставна кариера држел предавања и вежби по 14 предмети, на сите шест институти на ПМФ, за студенти од прва до четврта година. Одржувал настава и по три предмети на постдипломските студии на институтите за биологија и географија. Вовел и нови предмети: математика за биолози, математика за географи, парцијални равенки. Оформил 7 доктори на науки, 6 магистри и околу 200 дипломци - професори по математика и информатика. Организатор е на математички собири и конгреси и долго време ја водел издавачката дејност на Природно-математичкиот факултет, на Институтот за математика и на Друштвото на математичарите и физичарите на Македонија, за кои издал 40 тома публикации. Во областа на науката се занимава со диференцијални равенки и функции од комплексна променлива. Автор е на 120 научни и стручни трудови печатени во земјата и во странство, на 10 книги, од кои 6 оригинални научни монографии. Во македонската математичка средина вовел области како што се ареоларните равенки, обопштените аналитички функции, равенките на Векуа, обопштените тригонометрии, и го форсира современиот метод на итерации како многу надежен во сите видови равенки - алгебарски, диференцијални, парцијални, интегрални. Многу соработува со помлади кадри и интензивно помага во нивното научно усовршување. Во подолг период (1993-1997) ја извршуваше функцијата шеф на Институтот за математика, при што домаќински се грижеше за наставните, материјалните и техничките потреби на Институтот.
 
Носител е на Орден на трудот со златен венец и на две воени одликувања. Работејќи на сите шест институти на ПМФ, имал влијание врз формирањето на голем број генерации студенти на нашиот Природно-математички факултет.