Драган Богдановски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Јужна Америка и Франција: Форматна исправка, replaced: 0 год. → 0 г.
с →‎Животопис: Јазична исправка, replaced: == Биографија == → == Животопис ==
Ред 21:
'''Драган Богдановски''' (с. [[Клечевце]], [[Кумановско]], [[18 септември]] [[1929]] - [[Фредериција]], [[Данска]], [[31 мај]] [[1998]]) — еден од најпознатите македонски политички емигранти по [[1945]] година и еден од основачите на [[ВМРО ДПМНЕ]]. Богдановски 30 години бил во челните редови на патриотски настроената македонска емиграција.
 
== БиографијаЖивотопис ==
=== Рани години ===
Потекнува од позната селско-земјоделска фамилија со патриотски корени (дедото на Драган е илинденец-комита во четата на [[Атанас Бабата]]). Основно училиште завршува во родното село, а средно образование во [[Куманово]] и [[Битола]], по што во 1948 г. се запишува во [[Белград]] ([[Земун]]) на факултет за земјоделство и шумарство. Во Белград уште во третиот семестер од студиите се пројавува како иницијатор за формирање на „Македонски студентски клуб”, за која активност бива затворен и издржува казна од 4 месеци во злогласниот затвор на Обилиќев венац. По излегувањето од затвор е исклучен од факултетот без право на упис на било кој факултет во [[СФР Југославија|Југославија]].