Добри Даскалов: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Јазична исправка, replaced: == Биографија == → == Животопис ==
Ред 12:
'''Добри Даскалов''' ([[13 октомври]] [[1882]] - [[16 јуни]] [[1912]])<ref>„Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 431 стр.</ref> — македонски револуционер, член и војвода на [[Македонска револуционерна организација|Македонската револуционерна организација]].
 
== БиографијаЖивотопис ==
[[File:Cetata na Dobri Daskalov.tif|260px|десно|Четата на војводата Добри Даскалов]]
Добри Даскалов е роден во Кавадарци во свештеничко протестантско семејство. Основното образование и нижа трикласна гимназија завршил во Кавадарци, а потоа продолжил да учи во [[Солунска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“|егзархиската гимназија]] во [[Солун]]. Од Солун своето образование го продолжил во [[Самоков (Бугарија)|Самоков]], [[Бугарија]], каде, во учебната 1896/1897 година, се запишал на протестантското Железарско училиште, заедно со [[Петар (Пешо) Самарџиев]] и [[Петар Јуруков]]. Tаму ја започнува својата револуционерна дејност и станува член на револуционерниот кружок „Трајко Китинчев“.
 
Даскалов станал член на [[ТМОРО]] во [[1901]] година и бил борец во четите на [[Јане Сандански]] и на [[Христо Чернопеев]]. Учествувал во грабнувањето на [[мис Стон]], со која фамилијата Даскалови, како протестантска фамилија од порано имала добри пријателски и деловни врски.<ref>[http://www.mn.mk/makedonski-legendi/2926 „Добри Даскалов (1882-1912) „ние не се бориме за себе, туку за својот народ!“], „Македонска нација“</ref> Бил избран за делегат на [[Солунски конгрес од 1903 година|Солунскиот конгрес]], но не учествувал на него. Во [[Илинденското востание]] се бори во Тиквешијата. Во [[1904]] година учествува на [[Прилепскиот конгрес]] на ТМОРО, а во [[1905]] година — на [[Рилски конгрес|Рилскиот конгрес]]. На [[13 јуни]] [[1905]] година учествува во [[Битката во Ресава|битката]] со турскиот аскер во кавадаречкото село [[Ресава]]. Во [[1908]] година учествува на [[Ќустендилски конгрес|Ќустендилскиот конгрес]] на [[Умерено - конзервативна струја (МРО)|десницата]] на ВМОРО. По [[Младотурската револуција]], во [[1909]] година бил еден од основачите на [[Народната федеративна партија]] и член на нејзиното централно раководство.
 
Подмолно е убиен во [[Кавадарци]] на [[16 јуни]] [[1912]] година по наредба на [[Тодор Александров]].<ref>Милан Матов „Комитата раскажува“, Скопје, 2002, 244 стр.</ref><ref>Енциклопедия България, том 2, Издателство на БАН, София, 1981, стр. 233.</ref><ref>Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 43.</ref><ref>Думбалаковъ, Михаилъ. Презъ пламъцитѣ на живота и революцията, томъ ІІ, София, 1937, стр. 200.</ref> Убиството го организирал [[Милан Ѓурлуков]], а тоа било извршено од страна на Крсто Ристов, бивш четник во четата на Добри Даскалов. Тој го убил Даскалов во моментот кога пред портата на својата куќа ја земал во раце деветмесечната ќерка Невенка.<ref>[http://star.vest.com.mk/default.asp?id=149080&idg=8&idb=2330&rubrika=Revija „Откриен пиштолот со кој е убиен Добри Даскалов“], „Вест“</ref>
Ред 24:
== Наводи ==
{{наводи}}
 
 
{{Дејци на МРО}}