Антон Мирчев - Пешкоски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с replace archive.today -> archive.is (domain archive.today blocked by onlinenic)
с →‎Животопис: Јазична исправка, replaced: == Биографија == → == Животопис ==
Ред 1:
'''Антон Мирчев - Пешовски''' ([[Тресонче]], {{роден во|Дебарско}}; {{роден на|||1890}} - {{починат во|Москва}}, {{починат на|||1942}}) бил македонски комунист, учесник во [[Октомвриската револуција]].
 
== БиографијаЖивотопис ==
 
Антон (Доне) Мирчев (Мирчин) - Пешкоски е роден во [[Тресонче]] во маалото Пешковци и бил брат на учителот [[Крсте Мирчески]]. Во [[1906]] година заминал во [[Русија]]. Станал член на Македонската колонија во [[Петроград]] и бил потписник на неколку нејзини акти во списанието „[[Македонски глас (1913-1914)|Македонски голос]]“ (1914). Од [[1914]] година учествува во повеќе напредни групи во Русија. Во [[1916]] година во една полициска провала е затворен и протеран во [[Сибир]]. Потоа се враќа во Петроград и во [[1917]] година станува член на [[Македонски револуционерен комитет (Петроград)|Македонскиот револуционерен комитет]] во Петроград. По избувнувањето на [[Октомвриската револуција]] зема учество во неа и учествува во нападот на [[Зимски дворец|Зимскиот дворец]]. За време на револуцијата бил член на петроградскиот револуционерен комитет и соработувал со [[Владимир Илич Ленин]] и [[Кристијан Раковски]].{{факт}} Назначен е за еден од раководителите на монополот за шпиритус и член на контролната петорка за снабдувањето и исхраната на градот.
 
Кога во јануари [[1918]] година во Петроград е формирана групата на балкански комунисти, тој, заедно со [[Михаил Антонов]], [[Владимир Каваев]] и [[Елена Каваева]], зема активно учество во нејзината работа.<ref>Ѓ. Миљковиќ „И тие јуришаа на Зимскиот дворец“, „Нова Македонија“, 7 ноември 1972 година, 6 стр.</ref> Во 1918 година станува член на [[КПСС|Руската комунистичка партија (болшевици)]]. Потоа се вклучува во Првиот интернационален баталјон на [[Црвената армија]] за борба против контрареволуционерите и интервенционистите.
 
Доне станал и функционер во [[Комунистичка интернационала|Комунистичката интернационала]], како и министер во владата на [[Украина]], составена по Октомвриската револуција од [[1918]] година.{{факт}}
 
Во [[1920]] година како комунистички емисар ја посетува Југославија и Бугарија.<ref>Енциклопедия „България“, том 4, Издателство на БАН, София, 1984, 278 стр.</ref> По враќањето во Русија, завршува инженерство. Испратен е во [[Сибир]] каде работел на обновата и изградбата на [[Магнитогорск]].<ref>Стојан Ковачески, Марјан Димитријевски „Д-р Владимир и Д-р Елена Каваеви“, Центар за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга, Струга, 2010, 22-23 стр. </ref>
 
Постојат две верзии за неговата смрт во [[1942]] година. Според првата Доне Мирчев починал во болница во Москва болен од туберкулоза.<ref>„Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 1156-1157 стр.</ref> Според втората, тој мистериозно исчезнал една ноќ во [[1942]] година во [[Москва]] кога германските војски биле пред портите на главниот советски град.<ref>[http://archive.is/alf58 „Антон Мирчев - Пешкоски“, tresonce.com.mk]</ref>