Андријана Јаневска: Разлика помеѓу преработките

с
Јазична исправка, replaced: == Биографија == → == Животопис ==
Нема опис на уредувањето
с (Јазична исправка, replaced: == Биографија == → == Животопис ==)
|past_members =
}}
'''Андријана Јаневска''' (родена на [[6 декември]] [[1981]] година) е позната [[Македонци|македонска]] [[пејач|пејачка]]ка и [[музичар|музичарка]]ка.
 
== БиографијаЖивотопис ==
Андријана Јаневска е родена во Скопје, каде моментално живее и работи<ref name=anj>[http://www.andrijana.com.mk/Default.aspx?id=d6dd9f05-0637-4325-8054-816f23054e3a#topPage Биографија на Андријана Јаневска]</ref>. Таа е доцент на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Редовно е вработена во Македонската Опера и Балет, како прва виолина. Освен виолина, свири пијано, гитара и бас гитара, а првата композиција ја има напишано на 11 години<ref name=anj/>. Музичката наобразба ја започнува во нижото музичко училиште на 6 годишна возраст, продолжува во Средното музичко училиште, дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје на отсекот виолина во 2004 година и магистрира во 2011 година на отсекот „Музичка теорија и педагогија“ оддел „Методика на музичка настава“<ref name=anj/>. Моментално ги завршува докторските студии на Институтот за фолклор во Скопје.
 
За време на средното музичко образование посетува дополнителна настава по диригирање и композиција, и активно учествува на семинари по виолина кај виолинистите Марина Јашвили и Благоја Димчевски.
Работела како наставник по музика на Факултетот за Аудио-Визуелни Уметности ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк, наставник по музика во гимназијата Алгоритам, наставник по виолина во музичкото училиште во Куманово и како наставник по солфеж, теорија на музика, естрадно пеење и пијано во музичкото училиште „Ентерпрајз“. Неколку години е главен музички ментор на македонските претставници на детскиот Евросонг. Работи и како надворешен стручен музички соработник во списанијата за деца Росица и Смешко. Секоја година е редовен гостин-предавач во  институции од јавен интерес, културно-информативни центри, градинки, основни и средни училишта. Од 1999 година членува во женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска. Од 2002 година работи во Македонската Опера и Балет како прва виолина, а од јули 2017 година е доцент на ФМУ Скопје.
 
Била придружен вокал на многу уметници, меѓу кои и на Влатко Стефановски, Џибони и Бајага. Има напишано многу композиции и аранжмани за биг-бенд во доменот на популарната музика, а се јавува и како текстописец на многу популарни песни. Од 1988 до 1996 година членува во детскиот хор за духовна музика „Пиколо“. Повеќе пати била член во жири комисии на државни и меѓународни натпревари по музика и уметност (член на национална жири-комисија за Евровизија, член на комисија за мјузиклот Тајно моја, член на комисија за избор на најталентиран ученик во Општина Карпош, член на меѓународна жири-комисија на арт фестивалите Езерски бисери и Дојрана и др.). Има издадено две детски книги од стручна област: „Заспивалки“, издавач Едука Мак 2015 и „Слушни, пеј, играј“, издавач Просветно Дело 2017. Многу пати учествувала на научни конференции во Македонија а презентирала и во Рим, Италија.
 
Во 2007 година во МОБ настапува како виолинист (главна улога) во опера/мјузикл Dorothy.Sconcerto per Oz, а претставата се репризира и во Kampnagel Hamburg, Хамбург - Германија. Како виолинист настапувала и во Осијек - Хрватска, Атина - Грција, Ниш и Белград - Србија, Париз - Франција, Рим - Италија, Њујорк, Њу Џерси, Вашингтон и Лос Анџелес - САД, Мелбурн, Канбера и Сиднеј - Австралија како и во Торонто - Канада. Како концерт-мајстор на камерен состав во МОБ настапува на многу детски претстави низ Македонија.
Најголемо хоби и е шахот, а како портпарол на Шаховската Федерација на Македонија издејствува Европскиот шаховски куп да се одржи во Скопје. Официјалниот ФИДЕ рејтинг на последниот турнир ѝ е 1981. Освен шахот, вљубеник е во повеќе спортови: пливање, велосипедизам, планинарење и мотоциклизам.
 
Од 2009 година е во брак со Драган Гиновски - Гино, познат македонски гитарист (Архангел). Двојката има два сина, Димитар (2011) и Кристијан (2015). Сопственици се на музичкото студио Гиновски.<ref name="anj" />.
 
== Албуми ==
|2019
|Hamar Media, Josip Šuker
|}<br />
 
=== Награди - класична музика ===
|25.04.1996
|}
<br />
 
=== Награди - популарна музика ===