Андре Шенје: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Додадена категорија using AWB
с →‎Животопис: Јазична исправка, replaced: == Биографија == → == Животопис ==
Ред 2:
'''Андре Мари Шенје''' ([[француски]]: André Marie Chénier) ({{роден во|Истанбул}}, {{роден на|30|октомври|1762}} - {{починат во|Париз}},{{починал на|25|јули|1794}}) - еден од најголемите француски поети на сите времиња, жртва на [[Француска револуција|Француската револуција]], [[Гилотина|гилотиниран]] само неколку дена пред крајот на власта на [[Терор (Франција)|Теророт]]. Поет со исклучителна сензибилност, оживувач на [[Антика|античките]] [[естетика|естетски]] вредности, предвесник на [[Романтизам|романтизмот]]; во неговиот бурен живот и трагичен крај, романтичарите го гледаат својот идол и идеал.
 
== БиографијаЖивотопис ==
Роден е во населбата [[Галата]], денешен Каракој во [[Истанбул]] на [[30 октомври]] [[1762]] година, како трет син на Луј де Шенје, [[офицер]] во француската [[амбасада]] во Истанбул. Неговата мајка била [[Грци|Гркинка]], Елизабета Санти л’Омака (чија сестра била баба на [[Адолф Тјер]]), позната по својата убавина и духовитост. Проведувајќи го своето детство на југот на [[Франција]] со тетка си, Андре се придружува на мајка си во [[Париз]], каде таа се преселува во [[1773]] година. Сè уште во своето момчештво, тој станува огнен почитувач на сè што е поврзано со јазикот и цивилизацијата на [[Стара Грција]]. Неговата вродена треска кон знаењето е стимулирана уште повеќе на средбите со големите уметници и интелектуалци кои тој ги запознава на приемите во нивниот салон организирани од неговата мајка.