Алонсо де Охеда: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Биографија: Правописна исправка, replaced: битката за → Битката за
с →‎Животопис: Јазична исправка, replaced: == Биографија == → == Животопис ==
Ред 16:
'''Алонсо де Охеда''' ([[шпански јазик|шпански]]: Alonso de Ojeda; роден меѓу [[1466]] и [[1468]] година во [[Куенка]], умрел [[1515]] година во [[Санто Доминго]]) бил [[Шпанија|шпански]] морепловец и [[конквистадор]]. Ги истражувал подрачјата на [[Гвајана]], [[Венецуела]], [[Тринидад и Тобаго]], [[Курасао]], [[Аруба]] и [[Колумбија]]. Бил првиот [[Европа|Европјанец]] кој стапнал на тлото на Гвајана, Колумбија и подрачјето околу [[Маракаибо (езеро)|заливот Маракаибо]] (денес Венецуела), а нему му се припишува и етимологијата на името Венецуела, која ја истражувал двапати.
 
== БиографијаЖивотопис ==
Алонсо де Охеда бил роден во 1468 година (според некои извори во 1466) во [[Шпанија|шпанскиот]] град [[Куенка]], во сиромашно но аристократско семејство. Во младоста се истакнал како војник во Битката за освајување на [[Гренада]], поради што ја стекнал наклоноста на тогашниот бискуп на градот Бургос. Благодарение на бискупот, во септември [[1493]] година се придружил на експедицијата на [[Кристифор Колумбо]], при второто патување во Америка, и стигнал до острвот [[Хиспаниола]]. Набрзо по доаѓањето на овој остров, Колумбо го поставил Охеда за гувернер на новооснованото утврдување Форт Санто Томас. Пред враќањето во Шпанија, [[1496]] година, Охеда се истакнал во борбите со локалните индијански племиња.