Александар Лурија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: се до → сè до (2)
с →‎Животопис: Јазична исправка, replaced: == Биографија == → == Животопис ==
Ред 32:
'''Александар Романович Лурија''' ({{lang-ru|Алексáндр Ромáнович Лýрия}}; [[16 јули]] [[1902]] – [[14 август]] [[1977]]) — истакнат руски [[невропсихологија|невропсихолог]], еден од најпознатите невропсихолози на XX век. Негов примарен интерес било проучувањето на локализацијата на психолошките функции во [[мозок]]от, но учествувал и во бројни истражувања од областа на развојната психологија, повредите на предниот мозочна половина, [[афазиологија]]та, културните аспекти на когнитивното функционирање, невропсихолошките рехабилитациони програми, интервенциите во образованието итн. Пишувал и лични биографии на луѓе со необични когнитивни карактеристики.
 
== БиографијаЖивотопис ==
Роден е на 16 јули 1902 година во [[Казањ]], [[Русија]]. Како дете растел во културна средина и научил да зборува германски, француски и англиски јазик. Покажувал интерес кон [[филозофија]]та, [[историја]]та и [[книжевност]]а. Во 1917, се запишал на Универзитетот во Казањ. Како студент во новоформираниот Оддел за социјални науки останал до 1921 кога и дипломирал. Бил активен студент, па проучувањето на социологијата му побудило интерес и во психологијата. По дипломирањето, се вработил како асистент во Институтот за научна организација на трудот, а продолжил да студира и во Казањ на Педагошкиот институт и медицинското училиште. Рано во својата кариера Луриа увидел дека валидниот приод во психологијата бара инкорпорирање на динамските аспекти на однесувањето и го вклучува како биолошкото така и културното влијание. На крајот од 1921, се преселил во Москва и многу набрзо толку многу се заинтересирал во психоанализата што основал и претседавал со психоаналитички кружок, а се ангажирал и околу издавање на важни психоаналитички трудови. Преку кореспонденцијата со [[Сигмунд Фројд]], кружокот добил право да направи превод на руски на некои негови важни психоаналитички дела.