Забрзување: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
#WPWPMK #WPWP
с Јазична исправка, replaced: == Карактеристики == → == Особености ==
Ред 8:
'''Забрзувањето''' (ознка: <math>\vec a </math>, а во [[Теоретска механика|теоретската механика]]: <math>\vec w</math>) — извод на [[брзина]]та по [[време]]то. Тоа е [[вектор]]ска [[физичка величина]] која покажува за колку се променил векторот на брзината на [[Материјална точка|материјалната точка]] (тело) при нејзиното/неговото [[Движење (физика)|движење]] за единица време (односно, за забрзувањето не е важна само промената на брзината, туку и нејзината насока).
 
На пример, тело кое слободно паѓа кон површината на Земјата, кога се наоѓа близу неа, во случај кога може да се занемари отпорот на воздухот, ја зголемува својата брзина за околу 9,8 [[Метар во секунда|m/s]] за секоја секунда, односно [[Забрзување при слободно паѓање|неговото забрзување]] е еднакво на 9,8 [[Метар во секунда на квадрат|m/s²]].
 
Гранката на [[механика]]та што се занимава со проучување на движењето во тридимензионален [[евклидов простор]], неговото пресметување, како и пресметувањето на брзините и забрзувањата во различни референтни системи, се нарекува [[кинематика]].
 
Единица за забрзување во [[SI]] е [[метар]] во [[секунда]] за секунда ('''m/s<sup>2</sup>'''), а постои и несистемската единица [[гал]] (Gal) која се применува во [[гравиметрија]]та и е еднаква на 1 &nbsp;cm/s².
 
== Особености ==
== Карактеристики ==
 
Бидејќи брзината е векторска величина, таа може да се промени како по големина, така и по насока. Често под поимот „брзина“ се има предвид само големината на брзината. Во тој случај и забрзувањето е број кој може да добива како позитивни, така и негативни вредности. При позитивна вредност на забрзувањето имаме зголемување на брзината (забрзување во секојдневниот говор), а при негативни вредности имаме запирање или забавување. Вредност нула на забрзувањето означува дека брзината е постојана.
 
Но, ако ја разгледуваме брзината како вектор, тогаш забрзувањето добива поинаков карактер. Во [[физика]]та, промената во насоката на брзината претставува исто така забрзување. Така на пример, при [[ротаторно движење]] (движење по кружница), промената во насоката на брзината доведува до [[Центростремително забрзување|центростремително]] (или центрипетално) забрзување (кон центарот на кругот). Во општ случај, секое забрзување може да се подели на нормално (при кое се менува насоката на брзината) и тангенцијално (при кое се менува големината на брзината).