Пријатели (ТВ-серија): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Надворешни врски: Замена со македонски назив на предлошка, replaced: {{commons|Category: → {{рв|
с →‎Четврта сезона (1997-1998): Правописна исправка, replaced: сé → сè
Ред 63:
Рос се одлучува за Рејчел и и раскинува на Бони. Меѓутоа, Рејчел сака Рос да ја преземе целосна одговорност за неверството, додека пак Рос инсистира дека биле на пауза. Неможејќи да се согласат на таа тема, повторно раскинуваат. Од тогаш па низ целата сезона, тие не се согласуваат многу и ретко се наоѓаат во позитивни разговори. Откако Фиби дознава дека постарата Фиби е нејзината вистинска мајка, оди кај Урсула, која пак тоа одамна го знаела, затоа што ја имала самоубиствената порака на нивната „мајка“. Фиби се согласува да биде [[сурогат]] мајка (да го носи бебето во својата утроба) на нејзиниот брат Френк и неговата жена Алис. Фиби забременува со три бебиња.
 
Чои почнува да излегува со една актерка, Кети, но и на Чендлер му се допаѓа. Чендлер се сомнева дека таа спие со нејзин колега, и тоа и го кажува во лице. Таа е навредена и навистина спие со колегата, па затоа раскинуваат. Моника и Рејчел ги разменуваат становите со Џои и Чендлер, откако ќе го изгубат облогот. Девојките го мразат нивниот нов стан, па се обидуваат да ги убедат Џои и Чендлер повторно да се сменат со тоа што им нудат карти за натпревар на [[Њујорк Никс]]. Место тоа, се согласуваат на сéсè-или-ништо облог. Момците победуваат, но додека се на натпреварот, девојките се враќаат во својот стан. За возврат, им нудат на момците да ги гледаат како се бакнуваат една минута.
 
Шефот на Рејчел ја замолува да ја однесе неговата ќерка Емили, британка, во театар. Меѓутоа, Рос е оној којшто ја носи, додека пак Рејчел излегува со некој муштерија. Рос и Емили се зближуваат и се свршуваат. Групата патува во [[Лондон]] за свадбата, со исклучок на Фиби, која е во својот последен месец, и Рејчел, која не сака да го гледа Рос како се венчава. За време на пробната вечер, Моника паѓа во депресија затоа што ја помешале со мајката на Рос и поради фактот дека не е во брак. Чендлер зборува со неа, и завршуваат во кревет. Рејчел сфаќа дека сè уште го сака Рос, и тргнува во Лондон за да му каже. Кога стигнува, ги гледа и решава дека не е во ред да ја уништи венчавката. Свадбата почнува, но доаѓа до ненадеен пресврт кога Рос вели „Јас, Рос, те земам тебе, Рејчел“! Сезоната завршува со [[отец]]от како прашува дали венчавката ќе продолжи.