Хавиер Бардем: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Почеток, 1990 - 1999 година: Јазична исправка, replaced: Сантиаго → Сантјаго
с Правописна исправка, replaced: сé → сè (2)
Ред 35:
Неговиот лош [[Англиски јазик|англиски]] веќе почнал да го чини филмски улоги, бидејќи бил принуден да ја одбие улога во оригиналната лондонска преработка на претставата ''Hysteria'' од Тери Џонсон, каде требало да го игра [[Салвадор Дали]] на познатиот состанок со [[Зигмунд Фројд]] во 1938 година. Улогата подоцна му била доделена на Тим Потер, а претставата добила “Olivier” награда за најдобра комедија во 1994 година. Во 1993 година, Бардем играл уште две споредни улоги, најпрво во ''Билингвалниот љубовник'' (''El Amante Bilingüe''), а потоа во ''Huidos'' на Санчо Гарсија, приказна за отпорот на републиканците за време на [[Шпанската граѓанска војна]]. По овие улоги следи првата значајна улога на Бардем, во ''Golden Balls'', неговата трета соработка со Бигас Луна. Во улога на брилијантен, суров и екстремно чуден сонувач осуден на пропаст, тој дал извонредна изведба, која му ја донела втората номинација на Гоја наградите.
 
Бардем повторно остварил соработка со Хорди Моља, ѕвездата од ''Jamón, Jamón'' во ''Prognostic Reservat''. Тој, исто така, прифатил кратка но значајна улога во филмот ''Броени денови'' (''Días Contados''). Сепак, најпознатата изведба на Бардем во 1994 година била улогата во филмот ''Детективот и смртта'' во режија на Гонзало Суарез, нецелосно базиран на ''Приказната за една мајка'' (на дански: ''Historien om en moder'')на Ханс Кристијан Андерсен. Тоа бел еден чуден, насилен филм со добри визуелни ефекти и мрачна филмска музика. Филмот бил номиниран за пет Гоја награди, а Бардем освоил Silver Seashell награда на [[филмски фестивал во Сан Себастиан|филмскиот фестивал во Сан Себастиан]]. 1995 година му донела уште повеќе признание. Годината започнала со улога во краткометражната црна комедија за фамилијарни врски, ''Мајката'' (''La Madre''), режирана од неговиот братучед Мигел, во која глумела и мајка му на Бардем, Пилар. Потоа следи ''Усни на усни'', во режија на Мануел Гомез Переира, напишан од Хоакин Ористрел. Во овој филм, Бардем игра амбициозен глумец, кој осакатен од срам и несигурност во себе, слаб со пари и во исчекување на улога во американски филм прифаќа работа како хотлајн оператор и токму тука успева да и пристапи храбро на “глумата”. За жал, сéсè тргнува наопаку кога ја запознава муштериката Аитана Санчез-Гијон, која го вовлекува во измама и љубовен триаголник. Филмот е номиниран за осум Гоја награди, од кои Бардем добива награда за најдобра машка улога.
 
Откако се појавил во филмот на Педро Перез Хименез, ''Mambru'', следната улога на Бардем е во филмот ''Éxtasis'' на Маријано Баросо, психолошки трилер кој зборува за алчност, заведување и предавство. Истата 1996 година, ќе му донесе на Бардем два меѓународно познти улоги. Најпрво улогата во филмот ''Más que amor, frenesí''. Напишан и режиран во соработка на Мигел Бардем, во филмот играат и неговите брат и сестра, Карлос и Моника, и, за првпат после ''Jamón, Jamón'', [[Пенелопе Круз]]. Со Пенелопе Круз, Бардем соработува и во филмот ''Љубовта е штетна по здравјето'' (''El Amor Perjudica Seriamente La Salud''), втор филм со Мануел Гомез Переира и писателот Хоакин Ористрел. Филмот ја прикажува Круз многу кратко, а Бардем на само неколку секунди. 1997 година за Бардем почнува со филмот Airbag, “бучна” комедија во улога на мајката на Бардем, Пилар, како и поранешната [[Марија де Медеирос]].
Ред 43:
=== Холивудска слава ===
[[Image:Javier Bardem Cannes 2010.jpg|thumb|right|170px|Бардем на Канскиот филмски фестивал.]]
Иако неговата слава била ограничена на земјата од каде доаѓа, Бардем не останал незабележан во светот на англиското говорно подрачје. Во 1997 година, [[Џон Малкович]] му понудил улога на Бардем во својот прв филм,''The Dancer Upstairs''. Иако се чувствувал поласкан од понудата, тој ја одбил улогата поради лошиот англиски. Необесхрабрен, Малкович ги потрошил следните три години барајќи финансии за својот проект. Во меѓувреме, славниот артист и режисер, [[Џулијан Шнабел]], работел филм базиран на мемоарите на [[Реиналдо Аренас]], кубански поет и романописец/новелист прогонуван поради хомосексуалноста и либерализмот од страна на пост-револуционерната влада на Кастро. Шнабел го замолил Бардем да ја игра споредната улога, на што Бардем одговорил негативно, па улогата ја добил [[Оливер Мартинез]]. Откако бил одбиен и од познатиот холивудски глумец [[Бенисио дел Торо]], Шнабел му ја дал главната улога на Бардем. Хавиер сметал дека е речиси невозможно да зборува течно англиски со кубански акцент, но понудата за главна улога била извонредна прилика што не сакал да ја пропушти. Откако го замолил Шнабел да му даде неколку недели за размислување, Бардем отпатувал за [[Куба]] со цел да открие нешто повеќе за животот на Аренас, барајќи луѓе на улица кои го знаеле поетот, многу од кои биле сéсè уште исплашени да зборуваат. Откако се уверил дека оваа улога ќе го направи горд, започнал со интензивни подготовки. Загубил околу 14 килограми, како и секаков знак на машкост. Поминувал осум часа во денот со професор по англиски.
 
Првиот филм на англиски на Хавиер, ''Пред да падне ноќ'' (''Before Night Falls'') во 2000 година, се пробил интернационално. Хавиер го прикажал Аренас од 17 годишно момче, полно со живот и на работ на сексуалното будење, до блед 45 годишен човек кој, уништен од Сида, посакувал да умре. Бардем бил добитник на Volpi Cup награда во Венеција, бил номиниран за [[Златен глобус]] и станал првиот Шпанец номиниран за оскар за најдобар глумец. Филмот му донел светска слава на Бардем. Следното појавување на Бардем било во филмот ''Ни трага од Господ'' (''Sin Noticias de Dios''), каде настапил со поранешните колеги Пенелопе Круз, Викторија Абрил и [[Гаел Гарсија Бернал]] (се појавува и мајку му Пилар, но само на фотографија). Во 2002 година, откако финансиски се осигурал и го совладал англискиот јазик, ја прифатил улогата во првиот филм на Малкович, ''The Dancer Upstairs''. Бардем глуми адвокат кој станал детектив за подобро да и служи на правдата. Малкович го опишал Бардем како “ најдобриот млад глумец во Европа, а можеби и во цел свет. Тој има сила и моќ на бик однадвор... но е кршлив одвнатре”. “Неговиот талент е неизмерен”. 2002 година донела уште еден филмски хит за Бардем, ''Сончеви понеделници'', најуспешниот шпански филм на годината, надминувајќи го дури и ''[[Зборувај со неа]]'' на Алмодовар. Филмот е моќна социо-политичка приказна за група невработени градежници на бродови. Бардем го игра Санта, жесток активист и неизгласан лидер. Филмот освоил пет Гоја награди, заклучно наградата која ја добил Хавиер Бардем за најдобар глумец.