Злосторство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Историја: Правописна исправка, replaced: се до → сè до
с →‎Природно–правна теорија: Правописна исправка, replaced: сé → сè
Ред 84:
Така, условите неопходни и доволни за еден предлог - закон да биде вистинит биле едноставни, тргнувајќи од тоа дека самото право е логично и постојано, и државните службеници ја применуваат државната моќ со одговорност. [[Дворкин]] (2005) ја отфрла Хартовата теорија и тврди дека фундаментално меѓу политичките права е правото на секоја индивидуа да биде подеднакво почитувана и згрижена од оние кои ја водат. Тој нуди теорија на согласување неодминувајќи ја теоријата на учитво почитување (должност на граѓанинот е да го почитува правото) и теорија на спроведување, којашто ги определува законодавните цели на спроведувањето правда и казна. Законодавството мора да се согласува со теоријата за легитимитет, која што ги опишува околностите под кои одредено лице или група се овластени да создаваат право, и со теоријата за законската правда, којашто го опишува правото за кое се овластени или обврзани да го создаваат.
Навистина, и покрај сéсè, најголемиот дел природно-правни теоретичари ја прифатиле идејата за спроведување на доминантниот морал како примарна функција на правото. Овој став не го заобиколува проблемот којшто го прави невозможен кој било морален критицизам на правото така што, ако согласувањето со природното право претставува неопходен услов за правна законодавност, целото важечко право мора, по дефиниција, да е морално правно. Така, во контекст на овој начин на размислување, правната законодавност на нормата неопходно ја вклучува и моралната правда.
Некој може да го реши овој проблем признавајќи одреден степен на [морален релативизам|http://en.wikipedia.org/wiki/Moral_relativism] (види [[Роналд Дворкин]]) и прифаќајќи дека нормите може со тек на времето да се развијат и, тогаш, некој може да го критикува постојаното спроведување стари закони, земајќи ги предвид тековните норми. Правото може да биде прифатливо но примената на државната моќ да ги присилува граѓаните да делуваат во согласност со него не е морално оправдано. Во повеќето модерни концепии за теоријата, злоделата се карактеризираат како кршење индивидуални права.