Карло Мартел: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: битката кај → Битката кај (3)
с Правописна исправка, replaced: сé → сè (3)
Ред 27:
Австразијците не издржале долго во позиција да поддржуваат жена и нејзиниот млад син. Пред крајот на годината, Карло Мартел побегнал од затвор и бил прогласен за мајордом од страна на благородниците на тоа кралство. Неустријците ја напаѓале Австразија и благородниците чекале некој силен маж да ги поведе во борба против нивните сонародници. Таа година, Дагоберт умрел и Неустријците го прогласиле за крал [[Хилперик II (крал)]] без за тоа да добијат поддршка од останатите Франки.
 
Во 717, Хилперик и Рагенфрид заедно повеле војска во Австразија. Неустријците влегле во сојуз со фризискиот крал [[Редбад]] и се соочиле со Карло во битката близу Колоњ, град кој сéсè уште припаѓал на Плектруда. Карло имал малку време да собере луѓе и да се подготви и резултатот на тоа било дека тука го доживеал единствениот пораз во неговиот живот. Според Строс и Густав, Мартел се борел во извонредна битка, но сфатил дека не може да победи бидејќи имал малубројна бојска па затоа се повлекол. Кралот и неговиот мајордом тогаш го опседнале градот борејќи се против Плектруда која им се предала во интерес на Теудоалд.
 
===Воен гениј===
После ова, сепак, случувањата се свртеле во полза на Карло. Откако ги направил потребните подготовки тој ја нападнал победничката војска близу [[Малмеди]] кога се враќала во своите провинции и ги поразил во [[Битка кај Амблев|Битката кај Амблев]]. Неколкуте трупи кои не биле убиени или заробени успеале да побегнат. Неколку нешта се значајни во врска со оваа битка каде Карло ја покажал својата воена стратегија: прво, се појавил онаму ''каде'' неговите непријатели најмалку очекувале, додека тие триумфално марширале накај дома со далеку побројна армија од неговата. Тој исто така нападнал ''кога'' најмалку очекувале, среде бел ден, кога војските од тоа време обично се одморале. Најпосле, ги нападнал ''како'' што најмалку очекувале, наводно повлекувајќи се и носејќи ги противниците во стапица. Лажното повлекување кое во тоа време не било познато на запад бидејќи повеќе било источна воена тактика барало извонредна дисциплина од војската и точно временско дејствување од страна на нивниот командант. Карло во оваа битка се покажал како воен гениј што ќе биде белег на неговото владеење. Резултатот на тоа било несовладлива победничка сила што ќе трае сéсè до неговата смрт.
 
Пролетта 717, Карло се вратил во Неустрија со војска и повторно победил во [[Битка кај Винси]], близу [[Камбре]]. Тој ги гонел кралот и мајордомот додека бегале дури до [[Париз]], пред да се врати да се справи со Плектруда и да го освои Колоњ. Тој го освоил градот, ги поразил нејзините поддржуваќи но сепак им дозволил на Плектруда и на младиот Теудоалд да живеат третирајќи ги со љубезност —што било невообичаено во тоа мрачно доба каде милоста кон противниците било реткост. По овој успех, тој го прогласил [[Клотар IV]] за крал на [[Австразија]] наспроти Хилперик и го разрешил архиепископот од Ремс [[Ригоберт]], заменувајќи го со [[Мило (бискуп)|Мило]], негов доживотен поддржувач.
Ред 44:
 
Откако ги обединил Франките под своја власт, Карло решил да ги казни Саксонците бидејќи ја нападнале Австразија. Затоа во 718 тргнал во воен поход против нив и ги поразил. Во 719, Карло ја покорил [[Западна Фризија]] без некој поголем отпор од страна на [[Фризи]], кои биле поданици на Франките но добиле некаква контрола после смртта на Пипин. Епак карло не им верувал бидејќи биле пагани. Тој го испратил [[Вилиброрд]], [[Утрешки епископ|Утрешкиот епископ]], познатиот "Апостол на Фризите" да го покрсти народот и со тоа им го наметнал христијанството.
Кога умрел Хилперик II (во 720), Карло за негов наследник го назначил синот на Дагоберт III, [[Теудерик IV]], кој сéсè уште бил малолетен, и кој бил на престолот од 720 до 737. Кралевите кои ги именувал Карло (''мрзливи кралеви'') на кои наводно им служел како мајордом а впрочем ја имал целосната законодавна и извршна моќ имале само церемонијална улога и биле негови марионети; на крајот од своето владеење тие биле толку бескорисни што тој повеќе и не се трудел да ги именува. Во тоа време Карло уште еднаш ги нападнал Саксонците. Тогаш Неустријците под Рагенфрид се побуниле но лесно биле поразени (724). Рагенфрид ги дал своите синови за заложници во замена за тоа да ја сочува земјата. Ова било и крај на граѓанските војни за време на владеењето на Карло.
 
Следните шест години биле посветени на тоа да се наметне франкиско влијание врз германските племиња. Меѓу 720 и 723, Карло се борел во Баварија каде војводите постепено станале независни владетели. Тој ги натерал [[Алемани]]те да му се придружат, а војводата [[Хугберт Баварски|Хугберт]] се предал на франкиската власт. Во 725 и 728, тој повторно навлегол во Баварија а во 730, извршил воен поход врз [[Лантфрид]], војвода од Алеманија, кој исто така станал независен, и го убил во тек на битката. Тој ги натерал Алеманите да се предададт на неговата власт и не назначил наследник на лантфрид. Со тоа јужна Германија уште еднаш станала дел од франкиското кралство исто како и северна Германија во тек на првите години на неговото владеење.