Трговија со луѓе: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична исправка, replaced: дестинации → одредишта (3) using AWB
с →‎Азија: Правописна исправка, replaced: фтин → втин
Ред 63:
Во Азија, Јапонија е главната одредишна земја за жените жртви на трговијата со луѓе, особено од Филипините и Тајланд. Во Јапонија просперитетниот пазар на забава создаде огромна побарувачка на комерцијални сексуални работнички, и таквата побарувачка ја задоволуваат тргувани жени и деца од Филипините, Колумбија и Тајланд. Жените се присилени да бидат вклучени во улична проституција, изведување стриптиз и сексуални односи во живо. Министерството за надворешни работи на САД почнувајки од 2001 година, секоја година во своите годишни извештаи за Трговија со луѓе ја рангира Јапонија како ,,Ниво 2” или како ,,Ниво 2 Вочлист (Watchlist) “ држава. Овие два рејтинга укажуваат на тоа дека Јапонија (во поголема или помала мера) не постапувала целосно во согласност со минималните стандарди за елиминирање на трговијата со луѓе. Проценето е дека моментално низ Југоисточна Азија има 300.000 жени и деца вклучени во сексуалната трговија. Често пати жените од Тајланд се носат во Јапонија и ги продаваат на бордели контролирани од Џакуза (Yakuza) кадешто се присилени да ја одработат својата цена. Кон крајот на деведесетите УНИЦЕФ оцени дека на Филипините има 60.000 деца вклучени во проституција, опишувајки ги Ејнџел Сити (Angeles City) борделите како ,,озлогласени” за нудење на сексуали услуги со деца. УНИЦЕФ оценува дека голем дел од 200-те бордели во озлогласениот Ејнџел Сити (Angeles City) нудат деца за сексуални услуги. Голем број од жените од Ирак бегајки од војната во Ирак прибегнуваат кон проституција, додека со други се тргува во странство, во држави како Сирија, Јордан, Катар, Обединетите Арапски Емирати и Турција. Само во Сирија, во 2007 година, проценета е бројка од 50.000 бегалци од Ирак девојчиња и жени, многу од нив вдовици, се прислно вклучени во проституција.
 
ЕфтинитеЕвтините проститутки од Ирак придонесоа Сирија да стане популарна дестинација за туристите кои бараат сексуални услуги. Клиентите доаѓаат од побогатите држави од Средниот Исток. За девиците се нудат високи цени.
 
Бројка од 200.000 девојчиња, многумина на возраст помала од 14 години, се продаваат како сексуално робје во Индија. Жени и девојчиња од Непал, особено девици, се омилени во Индија поради нивниот светол тен.