Митоза: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Замена со македонски назив на предлошка, replaced: {{commons category| → {{рв|
с Правописна исправка, replaced: екваторијална → екваторска (2)
Ред 18:
=== Претпрофаза ===
 
Само кај [[Растенија|растителните]] клетки на профазата и претходи претпрофаза. Кај растителните клетки (кои инаку поседуваат многу [[Вакуола|вакуоли]]) јадрото мора да мигрира во центарот на клетката пред започнувањето на митозата. Ова се постигнува со образување на [[фрагмозом]], кој претставува напречен слој на цитоплазма кој ја пресекува клетката во пределот на рамнината каде подоцна ќе се подели клетката. Освен со образување на фрагмозомот, претпрофазата се карактеризира со формирање на прстен од [[микротубули]] и [[актин]]ски филаменти (т.н. претпрофазна лента) под плазматичната мембрана, околу екваторијалнатаекваторската рамнина на делбеното вретено кое ќе се формира подоцна. Оваа лента го означува местото каде клетката ќе се подели. Клетките на вишите растенија (на пример, [[цветни растенија]]) немаат [[Центриола|центриоли]], па затоа микротубулите образуваат вретено на самата површина на јадрото, по што се организираат во делбено вретено од самите хромозоми (откако јадрената мембрана ќе се разгради).<ref name=Lloyd/> Претпрофазната лента исчезнува за време на разградувањето на [[Јадрена обвивка|јадрената обвивка]] и со формирањето на делбеното вретено во прометафазата.<ref>Raven ''et al''., 2005, pp. 58–67.</ref>
 
=== Профаза ===
Ред 36:
=== Метафаза ===
 
Името метафаза доаѓа од грчкото μετα што значи „после“. Микротубулите ги пронаоѓаат кинетохорите и се закачуваат за нив во прометафазата. Тогаш двата центрозоми почнуваат да ги привлекуваат хромозомите преку нивните закачени центромери кон двата краја на клетката. Вака хромозомите подлежат на надолжна тензија од двата краја на клетката. Може да се каже дека центромерите на хромозомите повлекуваат замислена линија долж метафазната плоча или екваторијалнаекваторска рамнина која е на еднакво растојание од двата центрозомни полови.<ref name=Winey1995/> Оваа еднаква подреденост се должи на рамнотежата на привлечните сили од спротивните кинетохори, аналогно на влечењето јаже меѓу луѓе со иста сила. Кај одредени видови на клетки хромозомите не се подредуваат на метафазна плоча, туку неодредено се движат напред-назад меѓу половите, при што само грубо се подредуваат на средната линија.
 
Бидејќи за правилно одделување на хромозомите треба секој кинетохор да е закачен за сноп од микротубули (нишки на вретеното), се смета дека незакачените кинетохори создаваат сигнал за да го спречат предвременото настапување на анафазата (без да се подредени сите хромозоми). Овој сигнал ја создава [[Контролна точка на вретеното|контролната точка на митотичкото вретено]].<ref name=Chan2003/>
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Митоза