Разлика помеѓу преработките на „Шунка на 'ржан леб“

Додадени 3.054 бајти ,  пред 1 година
дополнување
(дополнување)
'''Шунка на 'ржан леб''' или '''Сендвич со шунка''' ([[англиски]]: ''Ham on Rye'') - [[роман]] на американскиот писател [[Чарлс Буковски]] од 1982 година. Романот ги опишува детството и младоста на измислениот лик Хенри Кинаски, а дејствието се случува во [[Лос Анџелес]], во текот на 1920-тите и 1930-тите години. Инаку, книгата е посветена на „сите татковци“.<ref>Čarls Bukovski, ''Bludni sin''. Beograd: BIGZ, 1986.</ref>
 
==Содржина==
 
==Осврт кон делото==
Романот „Шунка на 'ржан леб“ може да се чита како вовед во претходните три [[Автобиографија|автобиографски]] романи на Буковски: „[[Пошта (роман на Буковски)|Пошта]]“, „[[Фактотум]]“ и „[[Жени (роман на Буковски)|Жени]]“, а тоа особено се однесува на „Фактотум“ кој претставува продолжение на „Шунка на 'ржан леб“. Инаку, насловот на романот има двојно значење: зборот „Ham“ значи [[шунка]], но исто така и неуспешен глумец, т.е. дилетант кој премногу изведува на сцената со цел да го привлече вниманието врз себе; зборот „Rye“ упатува на'ржан леб, но исто така и на [[виски]], кое се произведува од 'рж. Така, од една страна, „Ham on Rye“ може да се преведе како шунка на 'ржан леб, т.е. сендвич со шунка, како симбол на наједноставната храна на сиромашните луѓе во [[САД]], а ова значење одговара на јазикот и стилот во романот. Од друга страна, насловот претставува алузија на [[Алкохолизам|пијанството]] на Буковски во младоста.<ref>F. Rigonat, „Beleška o piscu“, во: Čarls Bukovski, ''Bludni sin''. Beograd: BIGZ, 1986, стр. 309-310.</ref>
Во овој роман, со посредство на главниот лик - Хенри Кинаски, Буковски се навраќа на своето детство и на младоста. Иако во книгата преовладуваат грубостите и [[Натурализам|натурализмот]], сепак нежното и убавото како нежна нишка се провлекуваат низ провлекуваат низ неа. Во романот струи нешто исконско и вистинско, нешто што тера на сеќавање, на размислување и на споредување.<ref>Čarls Bukovski, ''Bludni sin''. Beograd: BIGZ, 1986.</ref>
 
Во овој роман, со посредство на главниот лик - Хенри Кинаски, Буковски се навраќа на своето детство и на младоста. Иако во книгата преовладуваат грубостите и [[Натурализам|натурализмот]], сепак нежното и убавото како нежна нишка се провлекуваат низ провлекуваат низ неа. Во романот струи нешто исконско и вистинско, нешто што тера на сеќавање, на размислување и на споредување.<ref>Čarls Bukovski, ''Bludni sin''. Beograd: BIGZ, 1986.</ref> Низ горчината која извира од романот се пробива исклучителната дарба на Буковски да го насмее читателот и така да го приближи до себеси. Притоа, Буковски се служи со непосреден, еден вид „неопримитивен“ стил, без непотребни зборови, кој ја оживува стварноста од неговите спомени. Врвот на уметничкиот израз на Буковски е постигнат во живите, возбудливи дијалози во кои најмногу доаѓа до израз неговата писателска дарба. Како одраз на сето тоа, „Шунка на 'ржан леб“ се истакнува како најинтимната исповед на Буковски и како неговото најзрело дело.<ref>F. Rigonat, „Beleška o piscu“, во: Čarls Bukovski, ''Bludni sin''. Beograd: BIGZ, 1986, стр. 310.</ref>
 
== Наводи ==