Шунка на 'ржан леб: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Содржина: дополнување
Ред 7:
* ''Глава 29 - 45'': По матурирањето, на инсистирање на татко му, Хенри се запишал во високо средно училиште во кое учеле богати ученици. Меѓутоа, во тој период му се појавиле силно изразени [[Акна|акни]] поради кои морал да се отпише од училиштето. Тогаш почнал да се лекува во градската [[болница]], но лекувањето било прекинато кога татко му повторно нашол работа. Додека траело лекувањето, тој почнал да пишува, а во исто време се запишал во блиската [[библиотека]] и почнал интензивно да чита и така ги засакал книгите. И во новото училиште, Хенри бил многу фрустриран поради тоа што повеќето ученици потекнувале од богати семејства, како и поради тоа што девојките не покажувале никаков интерес за него поради проблемите со акните. Оттука, тој го избегнувал друштвото на другите ученици, па дури не присуствувал ниту на матурската забава. По завршувањето на големата матура, Хенри сфатил дека не го очекува никаков успех во иднина.<ref>Čarls Bukovski, ''Bludni sin''. Beograd: BIGZ, 1986, стр. 134-217.</ref>
* ''Глава 46 - 58'': По матурирањето, Хенри неочекувано бил примен на работа во стоковна куќа, но во една прилика се степал со еден купувач (поранешен ученик во средното училиште) и поради тоа добил отказ од работата. Долго време се обидувал да најде нова работа, но без успех и пиењето [[Алкохолни пијалаци|алкохол]] му било единственото задоволство. За некако да го исполни времето, се запишал во градскиот [[колеџ]], но не покажувал никаков интерес за студиите по [[новинарство]]. Кога започнала [[Втората светска војна]], тој се вклучил во дискусиите, бранејќи ги [[Нацисти|нацистите]]. Еден ден, татко му ги пронашол расказите кои ги напишал Хенри и ги исфрлил на улица, а Хенри решил дефинитивно да го напушти домот.<ref>Čarls Bukovski, ''Bludni sin''. Beograd: BIGZ, 1986, стр. 218-307.</ref>
 
==Осврт кон делото==
Во овој роман, со посредство на главниот лик - Хенри Кинаски, Буковски се навраќа на своето детство и на младоста. Иако во книгата преовладуваат грубостите и натурализмот, сепак нежното и убавото како нежна нишка се провлекуваат низ провлекуваат низ неа. Во романот струи нешто исконско и вистинско, нешто што тера на сеќавање, на размислување и на споредување.<ref>Čarls Bukovski, ''Bludni sin''. Beograd: BIGZ, 1986.</ref>
 
== Наводи ==