Разлика помеѓу преработките на „Бранденбург на Хафел“

с
Јазична исправка, replaced: ) е → ) — (2)
с (→‎top: Замена со македонски назив на предлошка, replaced: Infobox German location → Инфокутија Место во Германија)
с (Јазична исправка, replaced: ) е → ) — (2))
}}
 
'''Бранденбург на Хафел''' ({{lang-de|Brandenburg an der Havel}}) е град во сојузната покраина [[Бранденбург]], [[Германија]]. Се наоѓа на бреговите на реката [[Хафел]]. Градот '''Бранденбург''' го обезбедил името на средновековната [[Бискупија Бранденбург]], [[Маркгрофство Бранденбург|Маркгрофството Бранденбург]] и на денешната покраина Бранденбург. Денес е мал град спореден со блискиот Берлин, но бил првобитното јадро на поранешните владетели на Бранденбург и [[Кралство Прусија|Прусија]].
 
== Историја ==
{{Панорама|Brandenburg Pano 02 (MK).jpg|1800px|Панорамски поглед на Бранденбург.}}
 
Катедралниот остров (''Dominsel'') е историското срце на градот. Овде се наоѓа најстарата градба: Катедрлата Св. Петар и Павле (''Dom St. Peter und Paul''). Иако изградбата започнала во романескнен стил во 1165, била завршена како готска катедрала во текот на 14 век. Додека надворешноста е помалку едноставна, катедралата го изненадува посетителот со својата раскошна внатрешност, особено насликаната крипта во Шарената капела (''Bunte Kapelle'') и органата Вагнер (1725), една од најпознатите барокни органи во Германија.
 
Црквата Св. Катарина (''Katharinenkirche'') изградена во 1401 во Новиот град е импресивен примерок на северногерманската готска архитектура со тули. Црквата Св. Готхарт (''Gotthardtkirche'') била изградена од истиот материјал неколку години подоцна.