Франкфурт на Мајна: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Замена со македонски назив на предлошка, replaced: Infobox German location → Инфокутија Место во Германија
с Стилска исправка, replaced: ) е → ) — (8)
Ред 45:
Градот е расположен на стариот брег на реката [[Мајна]], германски збор за тоа е „Furt”. Тоа е дел од поранешната [[Франконија]], а жителите беа раните [[Франки]]. Така, името на градот го открива своето наследство како „брег на Франките“<ref>{{cite book|url=http://books.google.com/books?id=M1JIPAN-eJ4C&lpg=PA135&pg=PA135|title=Placenames of the world|last=Room|first=Adrian|publisher=McFarland|year=2006|page=135|accessdate=2009-07-23 | isbn=9780786422487}}</ref>.
 
Сместен на реката [[Мајна]], Франкфурт е [[Финансии|финансиски]] и [[Сообраќај во Германија|транспортен]] центар во Германија и најголем [[финансиски центар]] во [[континентална Европа]]. Тој е седиште на [[Европска централна банка|Европската централна банка]], [[Германска сојузна банка|Германската сојузна банка]], [[Франкфуртска берза|Франкфуртската берза]] и на [[Франкфуртски саем|Франкфуртскиот саем]], како и седиште на уште неколку големи комерцијални банки. [[Аеродром Франкфурт|Аеродромот во Франкфурт]] е еден од светските најпрометни меѓународни аеродроми, [[Франкфурт (Мајна) Хауптбанхоф|Централната железничка станица во Франкфурт]] е една од најголемите крајни станици во Европа и Франкфуртскиот Кројц (''[[Германските аутобанови|Autobahn]]'' крстосница) е најупотребуваната крстосница во [[Европа]]. Франкфурт е единствениот град во Германија кој е на списокот на десетте [[Глобален град|Алфа светски градови]]<ref name="World Cities">{{cite web|url=http://www.lboro.ac.uk/gawc/citymap.html|title=World Cities|accessdate=2007-01-23}}</ref>. Франкфурт се наоѓа во поранешната Американска окупациона зона во Германија и тој порано беше седиште на американската армија во Германија.
 
Франкфурт се смета за [[Глобален град|алфа светски град]]<ref>{{cite web|url=http://www.lboro.ac.uk/gawc/world2008t.html |title=GaWC - The World According to GaWC 2008 |publisher=Lboro.ac.uk |date=2010-04-13 |accessdate=2010-10-24}}</ref>, запишан во списокот во 2008 година од страна на групацијата на Лофборскиот универзитет<ref>{{cite web |url=http://www.lboro.ac.uk/gawc/world2008t.html |title=The World According to GaWC 2008 |publisher=Globalization and World Cities |first=J.V. |last=Beaverstock |author2=Smith, R.G.; Taylor, P.J.}}</ref> и е рангиран на 21 место од сите глобални градови во поглед на надворешната политика од страна на Индексот на глобалните градови во 2008<ref>{{cite web |url=http://www.foreignpolicy.com/story/cms.php?story_id=4509&page=1 |title=The 2008 Global Cities Index |publisher=Foreign Policy |first=A.T. |last=Kearney, Inc.}}</ref> и претставува меѓународен центар за [[трговија]], [[финансии]], [[култура]], [[сообраќај]], [[образование]] и [[туризам]]. Според анкетата во врска со трошоците за живот на трговецот, Франкфурт е втор најскап град во Германија, а 48-ми во целиот свет<ref>{{cite web |url=http://www.citymayors.com/features/cost_survey.html |title=Cost of living&nbsp;– The world's most expensive cities |publisher=City Mayors}}</ref>. Франкфурт, исто така, се вбројува во топ десетте најубави градови за живот во светот, според консултантската агенција за човечките ресурси Мерсер<ref>[http://www.mercer.com/referencecontent.htm?idContent=1307990 Mercer's Quality of Living Survey 2009], www.mercer.com. Посетено на 2 March 2009</ref>.
Ред 230:
{{Главна|Катедрала Франкфурт}}
 
Катедралата Св. Вартоломеј (''Dom Sankt Bartholomäus'') е градба во [[Готска архитектура|готски]] стил, која е изградена во XIV и XV век на темелите на претходната црква од [[меровинзи]]шко време. Таа е главната црква во Франкфурт. Од 1365 година па наваму, царевите на [[Свето римско царство|Светото римско царство]] биле избирани од црквата и од 1562 до 1792, римско-германските цареви биле овде крунисувани.
 
Од XVIII век, Св. Вартоломеј била нарекувана „[[катедрала]]“ од страна на народот, иако никогаш не била седиште на некој епископ. Во 1867 година, катедралата била уништена од пожар и била повторно обновена во сегашниот свој стил. Висината на катедралата е 95 метри.
Ред 238:
[[Податотека:Frankfurt Am Main-Paulskirche-Ansicht vom Maintower.jpg|thumb|upright|Црква Свети Павле]]
 
Црквата Св. Павле (''Paulskirche'') е национален историски споменик во Германија со голема политичка симболика, бидејќи била седиште на првиот демократски избран Парламент во 1848 година. Во 1789 година била основана како протестанска црква, но не била завршена сè до 1833 година. Нејзината важност има корени од [[Франкфуртски парламент|Парламентот на Франкфурт]], кој се состанувал во црквата за време на револуционерните години 1848/49 со цел да напишат Устав за обединета Германија. Обидот не успеа, бидејќи монарсите од [[Прусија]] и [[Австрија]] не сакале да ја изгубат моќта, и во 1849 година пруската војска го завршиле демократскиот експеримент со сила на закана и со тоа парламентот бил разрешен. Понатаму, објектот бил повторно искористена во служба на црквата.
 
Св. Павле била делумно уништена во Втората светска војна, особено внатрешноста на зградата, која сега има модерен стил. Била брзо и симболично повторно изградена по војната; а денес не се користи за верски служби, туку главно за изложби и настани.
Ред 262:
 
[[Податотека:Hauptwache Frankfurt am Main.jpg|thumb|left|Финансиската областа (позади) и Хауптвахе (напред).]]
Хауптвахе (''Hauptwache'') е зграда во [[Барокна архитектура|барокен]] стил изградена во 1730 година, најпрво се користела како затвор. Името ѝ е дадено по околниот плоштад и транспортниот центар под неа. Таа се наоѓа на едниот крај на Цајл, на главната шопинг-улица во градот.
 
=== Цајл ===
Ред 321:
[[Податотека:Frankfurt-Waeldchestag.jpg|thumb|left|Велдцхестаг во 2002]]
 
Франкфуртскиот '''Wäldchestag''' (Денот на дрвото) е шеговито познат како регионален празник затоа што сè до 1990-тите години, било познато дека продавниците во Франкфурт биле затворени на овој ден. И покрај името, фестивалот се одржува четири дена по [[Педесетница]]та, а всушност Денот на шумата се одржува во вторник. Но, она што е посебно за овој фестивал е неговата местоположба во Градската шума на Франкфурт, јужно од центарот на градот, во [[Нидеррад]].
 
Фестивалот '''Wolkenkratzer Festival''' (Фестивалот на облакодерите) е уникатен во Германија. Се одржува нередовно, последниот беше во мај 2007 година. Два дена повеќето облакодери во Франкфурт се отворени за јавноста, што секако не е секогаш случај, независно од палубата за набљудување на [[Кула Мајна|Кулата Мајна]]. Околу 1.2 милиони посетители ја искористиле можноста да го видат градот од горе. Падобранците, скокачите од височина, огнометите и ласерските шоуа се дополнителни атракции. Следниот фестивал ќе се одржи во 2013 година.
 
'''Звукот на Франкфурт''' е музички фестивал кој се одржува во центарот на градот. Се одржувал редовно од 1994-2004 година. Разни артисти и бендови изведуваат отворени и бесплатни концерти на осум бини сместени главно околу Цајл. Различните видови музика (рок, латино, техно, хаус, алтернативна и поп музика) привлекувааат околу 500.000 посетители секоја година.
Ред 458:
Франкфурт често го викаат ''градот на банките'' во Германија. Понекогаш е наречен ''Mainhattan'' ([[кованица]] од зборовите на локалната река [[Мајна]] и [[Менхетн]] во [[Њујорк (град)|Њујорк]]) или ''Банкфурт''. Во 2006 година шест од десетте најголеми германски банки имаа нивно седиште во градот, вклучувајќи ги и првите три (Дојче Банк, Комерцбанк и ДЦ Банк)<ref>''[http://www.german-banks.org/html/10_news/List100-table-2006.asp The Top 100 German banks 2006]{{dead link|date=April 2011}}''</ref>. Други важни банки се are ИНГ Диба, КфВ, БХФ Банк, Банкхаус Мецлер, Делбрик Бетман Мафај, ДекаБанк, Ландесбанк Хесен-Тирингија и Франкфуртер Шпаркасе. Овде има над триста национални и меѓународни банки<ref>''[http://www.frankfurt.de/sixcms/detail.php?id=stadtfrankfurt_eval01.c.125162.de Wirtschaft in Frankfurt am Main]''</ref>.
 
[[Европска централна банка|Европската централна банка]] (''Europäische Zentralbank'') е една од најважните централни банки во светот, одговорна за монетарната политика покривајќи 16 земји–членки на [[Еврозона]]та. Од основањето во 1998 година седиштето е сместено во центарот на Франкфурт, иако сега има планови за преместување во убавата област на поранешниот пазар за големопродажба ([''[Гросмарктхале|Großmarkthalle]]'') во источниот дел на градот.
 
[[Германска сојузна банка|Германската сојузна банка]] (''Deutsche Bundesbank'') е составен дел од Европскиот систем на централни банки (ЕСЦБ). Создадена е во 1957 година.
 
=== Берза ===