Севернофризиски Острови: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Острови: Правописна исправка, replaced: км² → км<sup>2</sup> (5)
с →‎Острови: Стилска исправка, replaced: ) е → ) — (2)
Ред 31:
Постојат четири поголеми острови и десет помали островчиња. Имињата на поголемите острови се [[Зилт]], [[Фер]], [[Амрум]] и [[Пелворм]]. Островчињата се наречени и [[Халиг|хализи]] (''Halligen''). Во [[Среден век|средновековниот период]], денешниот [[полуостров]] [[Нордштранд]] и Пелворм како и хализите биле дел од големиот остров Штранд. Овој остров бил поделен на делови при ужасната бура во 1634 година.
 
[[Зилт]] ({{lang-de|Sylt}}; [[Зилтски дијалект|зелриншки]]: ''Söl' ''; {{lang-da|Sild}}) е најголем во западните Фризиски Острови со површина од околу 100 км<sup>2</sup>. До него може да се дојде преку насипот наречен [[Хинденбургов насип]]; преку насипот поминуваат само возови. Во летните месеци, островот е преполн со туристи, вклучувајќи ги и оние кои имаат желба за [[нудизам]]. Сликата на Зилт е дека претставува место за славните и богатите. Главен град на островот е [[Вестерланд (Германија)|Вестерланд]]. Северниот крај на Зилт, Еленбоген (''Ellenbogen''), претставува најсеверната точка на Германија. Логор „Зилт“, нацистички концентрациски камп на [[Олдерни]], бил именуван по островот.
 
Споредено со Зилт, [[Фер]] ({{lang-de|Föhr}}; [[Ферски дијалект|фериншки]]: ''Feer''; {{lang-da|Før}}) е релативно тивок остров. Зафаќа површина од 82 км<sup>2</sup>. Шеснаесет стари населби раштркани по островот, некои од нив постоеле уште во {{римски|13}} век. Главен град на островот е [[Вик на Фер|Вик]] на југоисточниот брег. Вик е омилено германско приморско одморалиште. Не постои мост или насип кој го поврзува Фер со копното; така фериботите се единствената врска. Фериботското пристаниште, пристаништето и марината се наоѓаат во Вик.
 
[[Амрум]] ({{lang-de|Amrum}}; [[Амрумски дијалект|емраншки]]: ''Oomram'') зафаќа само 20 км<sup>2</sup>, но е популарен меѓу туристите, иако помалку од Зилт. Западната половина на островот има плажа долга 12 километри и широка 1 километар. Селата се наоѓаат на источниот брег, а [[Витдин]] е најважното меѓу нив.