Хесиод: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Надворешни врски: Замена со македонски назив на предлошка, replaced: {{Commons category| → {{рв|
с Замена со македонски назив на предлошка, replaced: {{Main| → {{Главна| (2)
Ред 39:
===''Дела и дни''===
 
{{MainГлавна|Дела и дни}}
''Дела и дни'' е поема составена од 828 [[стих]]а во [[хексаметар]], а обработува две основни теми, за правдата и трудот, како и неколку други мотиви. По обраќањето кон [[музи]]те на почетокот од епот, следува личното обраќање на Хесиод (во прво лице еднина) до брата си Персе поради спорот околу неправедно поделениот имот од таткото. Следуваат два мита: за [[Прометеј]] и [[Пандора]] (потеклото на сите зла) и за петте рода (златниот, сребрениот, бронзениот, херојскиот и железниот, поврзани со правдата). Потоа има една куса басна за јастребот и славејот (за насилникот и потчинетиот), по што повторно му се обраќа на брата си каде директно зборува за правдата и последиците од нејзиното непочитување. Преку сликата на градовите каде во едниот се почитува, а во другиот не се почитува правдата, доаѓа до мислата дека луѓето се разликуваат од животните токму во тоа, зашто [[Зевс]] им ја дал правдата на луѓето. Од темата за правдата поетот се префрлува на темата за трудот, величајќи го, а понатаму дидактички советува и ја велича чесноста и побожноста. До крајот на епот ги опфаќа и темите за: потребата од воспоставување ред во извршување на работите, водење на домаќинството, земјоделството, совети за животот преку зима, преку пролет и лето, редот во животот на морепловците, советите за женидба, за односите со најблиските, за почитување на обичаите и верските забрани, и завршува со тоа кои се среќни, а кои несреќни денови.
 
===''Теогонија''===
{{MainГлавна|Теогонија}}
[[File:Hesiodi Ascraei quaecumque exstant.tif|thumb|Hesiodi Ascraei quaecumque exstant, 1701]]
''Теогонија'' обично се смета за најрано дело на Хесиод. Овој еп има сосема различна тема од „Дела и дни“ и се однесува на потеклото на светот ([[космогонија]]) и на боговите ([[теогонија]]), почнувајќи со [[Хаос (митологија)|Хаос]], [[Геја (митологија)|Геја]] и [[Ерос (митологија)|Ерос]] и покажува посебен интерес за [[родослов на старогрчките богови|родословието]]. Иако имало многу разни варијанти на митовите во минатото, според Херодот, раскажувањето на митовите од Хесиод (и Хомер) станале прифатената верзија за сите Хелени.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Хесиод