Полуспроводник: Разлика помеѓу преработките

Додадени 32 бајти ,  пред 2 години
с
Замена со македонски назив на предлошка, replaced: {{main| → {{Главна| (4)
[проверена преработка][проверена преработка]
с (Правописна исправка, replaced: се до → сè до , се додека → сè додека)
с (Замена со македонски назив на предлошка, replaced: {{main| → {{Главна| (4))
 
===Диода===
{{mainГлавна|Диода}}
Диодата е електронска компонента која дозволува проток на електрична струја во една насока без отпор, додека во спротивна насока има бесконечен отпор. Затоа кај диодите постои спроводна и неспроводна насока. Може да се смета дека за протекување на струја во спроводната насока, диодата има отпорност со вредност приближна на нула, а додека во неспроводната насока отпорноста може да достигне приближно бесконечна вредност.
 
====Светлечки диоди (LED)====
{{mainГлавна|Светлечка диода}}
Повеќето диоди емитираат зрачење, но тоа не го напушта полуспроводникот и се наоѓа во фреквенциски опсег на инфрацрвеното зрачење. Изборот на полуспроводничкиот материјал ја одредува бојата на светлината. Црвената боја одговара на напон од 1,2 V, а напонот од 2,4 V одговара на виолетовата боја. Денес постојат диоди и за ултравиолетова светлина. Првите светлечки диоди биле жолти и црвени, а останатите настанале подоцна. Важно е дека сите светлечки диоди се еднобојни.
====Фотодиода====
{{mainГлавна|Фотодиода}}
Фотодиодата реагира на појавата на светлина генерирајќи електрична струја. Фотодиодите многу се користат и како соларни или фотонапонски ќелии и во фотометријата. Ако фотонот нема доволно енергија, нема да се возбуди електронот. Дури и светлинските диоди можат да се употребат како фотодиоди со ниска ефикасност во некои примени. Понекогаш светлинските диоди и фотодиодата се спакувани во исто куќиште. Овој уред се нарекува „оптоизолатор“. За разлика од [[трансформатор]]от, овој уред дозволува галванско раздвојување на еднонасочен напон. Ова е многу корисно, на пример кај заштитата на пациентите кои се приклучени на медицински уреди. Соларните ќелии се исто така еден вид на фотодиоди.
 
===Транзистори===
{{mainГлавна|Транзистор}}
Полуспроводниците можат да послужат и за правење на засилувачи на променливи електрични сигнали. Засилувачите се прават со комбинација од еден П-тип и два Н-типа, или со еден Н-тип и два П-типа полуспроводници и се наречени полуспроводнички триоди или кратко познати како транзистори. Името транзистори доаѓа од англиските зборови TRANSFER RESISTOR, кои во превод значат ''пренослив'', односно транзитен отпор. Принципот на работа на транзисторот први го дале по [[Втора светска војна|Втората светска војна]], во 1948 година [[Џон Бардин|Бардин]] и [[Валтер Братејн|Братејн]].
Според својата намена транзисторите се изработувале во повеќе типови, но најширока примена во практиката имаат биполарните транзистори. Според начинот на изработка транзисторите можат да бидат: слојни, еднослојни, со точкести слоеви, итн. Денес се произведуваат најмногу биполарни слојни транзистори, па затоа и нашето внимание ќе се задржи на овој тип транзистори.