Класична механика: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: честиците → честичките using AWB
с Замена со македонски назив на предлошка, replaced: {{main| → {{Главна| (4)
Ред 47:
 
=== Принцип на релативност на Галилеј ===
{{mainГлавна|Принцип на релативност}}
Основен принцип на кој се основа класичната механика е принципот на релативноста, формулиран врз основа на емпириските набљудувања на [[Галилео Галилеј]]. Според овој принцип, постојат бесконечно многу појдовни системи во кои слободното тело мирува или се движи со постојана по модул и насока брзина. Овие појдовни системи се нарекуваат инерцијални и се движат рамномерно и праволиниски еден во однос на друг. Во сите инерцијални појдовни системи, својствата на просторот и времето се еднакви и сите процеси во [[Механички систем|механичките системи]] подлежат на истите закони. Овој принцип може да се дефинира како отсуство на апсолутни појдовни системи, односно појдовни системи одделени на било каков начин еден во однос на друг.
 
=== Њутнови закони ===
{{mainГлавна|Њутнови закони}}
Како основа на класичната механика се земаат трите Њутнови закони.
 
Ред 69:
 
=== Закон за запазување на импулсот ===
{{mainГлавна|Закон за запазување на импулсот}}
Законот за запазување на импулсот се јавува како последица на Њутновите закони за [[затворен систем|затворени системи]], односно системи на кои не дејствуваат надворешни сили. Гледано од пофундаментална гледна точка, законот за запазување на импулсот се јавува како последица од еднородноста на просторот.
 
=== Закон за запазување на енергијата ===
{{mainГлавна|Закон за запазување на енергијата}}
Законот за запазување на енергијата се јавува како последица на Њутновите закони за затворени конзервативни системи, односно системи во кои дејствуваат само [[Конзервативна сила (физика)|конзервативните сили]]. Од пофундаментална гледна точка, законот за запазување на енергијата се јавува како последица од еднородноста на времето.