Данска: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Историја: Правописна исправка, replaced: Се до → Сè до
с Правописна исправка, replaced: {{Main| → {{Главна| (7)
Ред 73:
 
== Историја ==
{{MainГлавна|Историја на Данска}}
 
Пред населувањето на скандинавците, Данска била населена со [[Келти]]те. Најстарото данско писмо потекнува од околу [[7 век]] кога настанала и нова рунска [[азбука]]. Најстариот град [[Риба(град)|Рибе]], датира од [[810]] година. Сè до [[11 век]], Данците биле познати како [[Викинзи]] заедно со Норвежаните и Швеѓаните, кои во тоа време колонизирале, напаѓале и тргувале со многу делови од Европа. Многу иследувачи тврдат дека токму [[Викинзи]]те се оние кои за првпат пристигнале до [[Америка]] и дека всушност тие први ја откриле, патувајќи преку [[Скандинавија]] до [[Исланд]] преку [[Гренланд]] до [[Америка]]. Во различно време, Данска владееле со големи делови на [[Англија]] и [[Ирска]], [[Норвешка]], [[Шведска]], [[Финска]], [[Исланд]] и [[Франција]], делови од [[Нормандија]] и Девствените Острови, делови од [[Балтичко Море|Балтичкото Море]], на пример Естонија и Латвија, и денешна [[Германија]]. Сојузот со норвешка бил раскинат во [[1814]] година кога [[Норвешка]] влегла во сојуз со [[Шведска]], кој траел до [[1905]] година.
Ред 81:
 
== Географија и клима ==
{{MainГлавна|Географија на Данска}}
 
Данска се состои од полуостровот [[Јиланд]] (Jylland) и 405 помали острови. Од нив, 323 се населени а најголеми се [[Селанд]] (Sjælland) и [[Фин]] (Fyn). Многу од островите се поврзани со мостови. Климата во Данска е умерена морска. Најважен фактор за климата во Данска игра [[Атлански океан|Атланскиот океан]]. Вкупната површина на земјата изнесува 43.094&nbsp;км<sup>2</sup>, и според тоа се наоѓа на [[список на држави и територии по површина|131 место по големина во светот]]. Данска се наоѓа северно од [[Германија]] и [[Полска]], југозападно од [[Шведска]] и јужно од [[Норвешка]]. Данска излегува на [[Балтичко Море]] и [[Северно Море]].
 
== Население, јазик и религија ==
{{MainГлавна|Демографија на Данска|Религија во Данска}}
 
=== Население ===
Ред 132:
 
== Политички систем ==
{{MainГлавна|Политики на Данска}}
 
Данска по своето државно уредување претставува [[уставна монархија]] од [[1849]] година. [[Монарх]]от е формално на чело на државата бидејќи извршната власт е во рацете на министрите. [[Законодавна власт|Законодавната власт]] ја сочинуваат владата и парламентот (познат како Фолкетинг) кои се состојат од 179 членови. Данското судство функционира независно од законодавната власт. Парламентарни избори се одржуваат на секои четири години, но премиерот има право да побара предвремени избори.
Ред 138:
== Административна поделба ==
{{Дански региони-Карта|options=float:right; margin-left:10px;}}
{{MainГлавна|Региони во Данска}}
Од 1 јануари 2007 година Кралството Данска е поделено во пет региона во суштинската Данска (јужниот дел на земјата крај Европскиот континент) и два автономни атлантиски региона – [[Гренланд]] и [[Фарски острови]]. Двата автономни региона имаат пошироко самоуправување и се претставени со по две места во данскиот парламент. Неатлантските региони се следниве:
 
Ред 169:
 
== Стопанство ==
{{MainГлавна|Економија на Данска}}
 
Данска е високо развиена како индустриски така и аграрно држава. Во производството преовладуваат мали и средни претпријатија. Најмногу организации постојат во металопреработувачката, хемиската и прехранбената индустрија.
Ред 184:
 
== Култура ==
{{MainГлавна|Култура во Данска}}
 
== Наводи ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Данска