Разлика помеѓу преработките на „Михаил III Пијаницата“

с
Замена со македонски назив на предлошка, replaced: {{Commons category| → {{рв|
с (Замена со македонски назив на предлошка, replaced: {{Commons category| → {{рв|)
|}}
 
'''Михаил III''' ({{роден на|19|јануари|840}} – 23/24 септември 867) — [[Византија|византиски]] цар од 842 до 867 година. Михаил III бил третиот и последен член на [[Амориска династија|амориската династија]], позната и како [[фригијска династија]]. му бил даден понижувачкиот надимак ''Пијаница'' од непријателските историчари на следната [[македонска династија]], но современото историско истражување делумно ја поправило неговата репутација, покажувајќи ја важната улога на неговото владеење во издигнувањето на Византија како моќна држава во деветиот век.<ref name="Gregory, p. 231">Gregory, p. 231</ref><ref>Fossier, p. 315</ref>
 
==Живот==
[[File:Solidus-Michael III-sb1686.jpg|thumb|200px|left|Оваа монета искована за време на владеењето на [[Теодора (сопруга на Теофил)|Теодора]] покажува како Михаил бил потиснат од неговата мајка, која е прикажан како самостоен владетел на предната страна, и дури помал од неговата сестра Текла, која е прикажана заедно со младиот Михаил на задната страна на монетата.]]
 
Михаил бил најмладото дете на царот [[Теофил (владетел)|Теофил]] и неговата царица [[Теодора (сопруга на Теофил)|Теодора]]. Крунисан како совладетел на неговиот татко како дете во 840 година, Михаил имал две годинакога неговиот татко починал и Михаил го наследил како самостоен владетел на 20 јануари 842 година.
 
За време на своето [[малолетство]], империјата била раководена од [[регентство]] водено од неговата мајка Теодора, нејзиниот вујко Сергиј и министерот [[Теоктист]]. Царицата била [[иконопоклонство|иконопоклоник]] и го расчинила и заменила [[Јован VII Цариградски|Јован VII]], заменувајќи го со [[Методиј I Цариградски|Методиј I]] во 843 година. Ова ставило крај на вториот бран на [[византиско иконоборство|иконоборството]].<ref>Treadgold, p. 447</ref>
 
Како што растел младиот цар, дворјаните околу него се бореле за влијание. Бидејќи неговиот вујко [[Варда]] му бил многу мил, па му ја доделил титулата ''Цезар'' ([[Цезар (титула)|Цезар]] – во тој период титула втор веднаш до царот) и му дозволил да го убие Теокрист во ноември 855 година. Со подршката на Варда и друг вујко, успешниот војсководец именуван како [[Петрон (војсководец)|Петрон]], Михаил III го отфрлил регенството на 15 март 856 година и ги испратил мајка си и сестрите во манастир во 857 година.<ref>Treadgold, p. 450</ref>
[[File:Coronation of Basil the Macedonian as co-emperor.png|thumb|right|300px|Крунисување на Василиј Македонецот за совладетел (десно)]]
 
Внатрешната стабилизација на држевата не била целосна по должините на границите. Византиските сили била поразени од [[абасиди]]те во [[Памфија]], [[Крит]], и на границата со [[Сирија]], но византиската флота од 85 бродови постигнала победа над арапите во 853 година. Имало и многу други мисии околу Егејот и во близина на сириското крајбежје, со вкупно 300 бродови. По походот воден од Михалиовиот вујко Петрон против [[Павлиќанство|павлиќаните]] од иточната граница и арапските граници во 856 година, царската влада ги раселила во [[Тракија]] (отсекувајќи ги од нивните едноверци и населил друга гранична област).<ref>Treadgold, pp. 450–451</ref> Михаил исто така е спомнат во записите на [[Константин Порфирогенит|Константин VII]], поради неговото покорување на словените населени на [[Пелопонез]]<ref>Arhweiler and Laiou, pp. 7-8</ref>
 
Започала војна меѓу византијците и бугарите во 855–856 година. Империјата сакала да ди ја врати контролата над некои области во Тракија, вклучувајќи го тука Филипополис ([[Пловдив]]) и пристаништата околу Бургашкиот Залив на Црното Море. Византиските сили, водени од царот и Варда, биле успешни во походот и освоиле голем број на градови: Филипополис, Девелт, Анхиал и Месембрија како и областа [[Загора]].<ref>Gjuzelev, p. 130</ref><ref>Bulgarian historical review, v.33:no.1-4, p.9.</ref> Во тој период за време на походот Бугарите биле зафатени со војната со [[франки]]те под водство на [[Лудвиг Германски]] и [[хрвати]]те.
[[File:MadridSkylitzesAssassinationBardasFol80ra.jpg|thumb|250px|left|Убиството на Варда пред стапалата на Михаил III]]
 
Бракот на Михаил III со [[Евдокија Декаполитиса]] бил безчеден, но царот не сакал да ризикува скандал обидувајќи да се омажи со љубовницата [[Евдокија Ингерина]], ќерка на [[Варјажани|варјашкиот]] (северен) царски стражар Ингер. Решението кое го изнашол било Ингерина да се омажи со неговиот омилен дворјанин и казнец [[Василиј I Македонецот|Василиј I]]. Додека Михаил ја продолжил својата врска со Ингерина, Василиј се задоволи со сестрата на царот Текла, која била повикана од манастирот од нејзиниот брат Михаил III. Василиј стекнал големо влијание над Михаил, и во април 866 година о убедил царот дека Варда кова заговор против него при што Михаил дозволил истиот да биде убиен. Сега без сеиозни противници, Василиј бил крунисан за совладетел на 26 мај 866 година и бил посвоен од далеку помладиот Михаил. Овој интересен развој можеби бил наменет за озаконување на можното наследување на престолот на синот на Евдокија Ингерина [[Лав VI Мудриот|Лав VI]], за кого се верувало дека бил син на Михаил. Михаил раѓањето на Лав го прославил со трки на двоколк, спорт во кој тој бил енергичен покровител и учесник.<ref>Treadgold, p, 453</ref>
 
[[File:MichaelIIIBeforeTheChurchStMamas.jpg|thumb|right|Михаил III управува двоколка, тој бил енергичен покровител и учесник на трките со двоколки.]]
{{Амориска династија}}
 
Владеењето и личноста на Михаил III е тешко да се процени поради непријатеските записи напишани од византиските автори кои пишувале по волјата на Василиј I и неговите наследници. Византиските записи го опишуваат Михаил како секојдневна пијаница, како опседнат со тркањето на двоколки и неговите претстави со кои ги исмејувал литургиите и обредите на црквата. Записите од арапските извори, сепак, го претставуваат Михаил како активен и честопати успешен восководец.<ref> name="Gregory, p. 231<"/ref>
 
Иако Михаил III наводно сакал да се расфрла со пари, неговото владеење ја стабилизирало економијата, и до 850 година годишните приходи на империјата се зголемиле на 3.300.000 ''[[ноомизмата|номизмати]]''. Конечниот завршеток на иконоборството на почетокот на неговото владение довел до ренесанса во сликовната уметност. Империјата направила бројни внатрешни реорганизации и постигнала религиозна обединетост, и силно му се спротиставила на [[Абасидски калифат|Абасидскиот калифат]]. Најважно било што Бугарија била трансформирана во верски и културен сателит на Византија. Најголема заслуга за сето ова, сепак, се должи на Теодора и Теоктист до 855 година, и Варда и Петрона.<ref>Treadgold, p.455</ref>
 
==Извори==
{{Commons categoryрв|Михаил III|position=left}}
*Ahrweiler, H. and Laiou, A.E. (1998) ''Studies on the Internal Diaspora of the Byzantine Empire'', Dumbarton Oaks.
*Bulgarian historical review (2005), United Center for Research and Training in History, Published by Pub. House of the Bulgarian Academy of Sciences, v.33:no.1-4.