Пер Кролдруп: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Стилска исправка, replaced: ) е → ) —
Ред 20:
}}
 
'''Пер Билесков Кролдруп''' (роден на 31 Јули 1979 во [[Фарсе]]) е [[Данска | дански]] професионален [[фудбалер]] кој во моментов игра за [[Делфино Пескара 1936 | Пескара]]. Кролдруп одиграл 33 натпревари за [[Фудбалска репрезентација на Данска|данскиот национален фудбалски состав]], и тој бил дел од тимот кој настапувал на [[Евро 2004]] и на [[Светско првенство во фудбал 2010|Светското првенство 2010]].
 
== Клубска кариера ==
=== Рана кариера ===
Кролдруп ја започнал својата фудбалска кариера во данскиот нисколигаш Алборг Чанг. Тој потоа, продолжил да игра за [[Б 93 | Б 93 Копенхаген]] во данската 1-ва дивизија пред да се пресели во [[Удинезе Калчо | Удинезе]] во [[Серија А]] шампионатот во [[2001]] година.
 
=== Евертон ===
Во јуни [[2005]] година, Кролдруп се пресели од Удинезе во [[Англија | англискиот]] клуб [[ФК Евертон|Евертон]] за сума од 5 милиони [[фунта|£]]. Пред да одигра некој натпревар за клубот, тој доживеал повреда на препоните и морал да се подложи на операција. Тој го направи своето деби за Евертон во поразот со 0-4 од [[Астон Вила]], што бил неговиот единствен лигашки натпревар за клубот. Неговата кариера во Евертон подоцна била опишана како еден од најлошите трансфери во тимот на Евертон како и во англиската лига. Кролдруп изјавил дека тој наишол на големи тешкотии при адаптирањето на физичките аспекти во англискиот фудбал.
 
=== Фјорентина ===
Кролдруп се вратил назад во [[Италија]] во [[2006]] година, и се приклучил на екипата на [[ФК Фјорентина|Фјорентина]]. По скандалот ''калчополи'', каде што неколку клубови биле на судење за наместени натпревари, Фјорентина во почетокот била испратена во понизок ранг т.е. [[Серија Б]] лигата во јули [[2006]] година. Кролдруп бил меѓу играчите кои сакале да ја напуштат. Меѓутоа, како што Фјорентина направила жалба до Италијанската фудбалска федерација, клубот останал во Серија А и повеќето од нивните играчи, вклучувајќи го и Кролдруп, останале во [[Фиренца]]. Тој го направил своето деби во [[УЕФА Лига на шампиони | Лигата на шампионите]] на [[12 август]] [[2008]] година против [[ФК Славија Прага|Славија Прага]] во победата од 2-0 победа за ''Виола''.
 
=== Пескара ===
На [[8 март]] [[2013]], Кролдруп и се приклучил на екипата на [[Делфино Пескара 1936|Пескара]]. Одиграл само 5 натпревари во [[Серија А 2012-13|Серија А]] и претпел испаѓање од лигата.
 
===Ољаненсе===
На [[1 октомври]] [[2013]], како слободен играч Кролдруп му се приклучил на [[ФК Ољаненсе|Ољаненсе]] во [[Прва португалска фудбалска лига|Португалската прва лига]].
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Кролдруп}}
Ред 42:
[[Категорија:Фудбалери на ФК Удинезе]]
[[Категорија:Фудбалери на ФК Евертон]]
[[Категорија:Фудбалери на ФК Фјорентина]]
[[Категорија:Фудбалери на ФК Пескара]]
[[Категорија:Фудбалери во Серија А]]