Шунка на 'ржан леб: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Содржина: дополнување
→‎Содржина: дополнување
Ред 5:
* ''Глава 1 - 20'': Романот почнува со сеќавањата на Хенри Кинаски за неговото рано детство, поминато во [[Германија]] (каде што се родил), за преселбата во [[Лос Анџелес]], за баба му и дедо му, за несредените односи меѓу родителите итн. Хенри не го сакал училиштето, каде го избегнувал друштвото на другите деца, а и тие не го сакале него. По една тепачка, директорот на училиштето ги известил неговите родители и тогаш Хенри го добил првиот ќотек од татко му, кој потоа продолжил редовно да го тепа за најбанални причини. Кога започнала [[Големата депресија|економската криза]], татко му останал без работа, а Хенри станал свесен за [[сиромаштија]]та.<ref>Čarls Bukovski, ''Bludni sin''. Beograd: BIGZ, 1986, стр. 7-95.</ref>
* ''Глава 21 - 28'': Во средното [[училиште]], Хенри учел во одделение составено од лоши ученици кои немале никаков интерес за наставата, а ниту наставниците не се труделе премногу. Во тој период, Хенри ги имал првите искуства со [[Онанија|онанијата]], [[Пушење|пушењето]] и пиењето [[Алкохолен пијалак|алкохол]]. Исто така, во тоа време станал опседнат со [[секс]]от. Пред да матурира, татко му го истепал за последен пат.<ref>Čarls Bukovski, ''Bludni sin''. Beograd: BIGZ, 1986, стр. 96-133.</ref>
* ''Глава 29 - 3645'': По матурирањето, пона инсистирање на татко му, Хенри се запишал во високо средно училиште во кое учеле богати ученици. Меѓутоа, во тој период му се појавиле силно изразени [[Акна|акни]] поради кои морал да се отпише од училиштето. Тогаш почнал да се лекува во градската [[болница]], но лекувањето било прекинато кога татко му повторно нашол работа. Додека траело лекувањето, тој почнал да пишува, а во исто време се запишал во блиската [[библиотека]] и почнал интензивно да чита и така ги засакал книгите. И во новото училиште, Хенри бил многу фрустриран поради тоа што повеќето ученици потекнувале од богати семејства, како и поради тоа што девојките не покажувале никаков интерес за него поради проблемите со акните. Оттука, тој го избегнувал друштвото на другите ученици, па дури не присуствувал ниту на матурската забава. По завршувањето на големата матура, Хенри сфатил дека не го очекува никаков успех во иднина.<ref>Čarls Bukovski, ''Bludni sin''. Beograd: BIGZ, 1986, стр. 134-167217.</ref>
* ''Глава 46 - 58'': По матурирањето, Хенри неочекувано бил примен на работа во стоковна куќа, но во една прилика се степал со еден купувач (поранешен ученик во средното училиште) и поради тоа добил отказ од работата. Долго време се обидувал да најде нова работа, но без успех, па затоа се запишал во градскиот [[колеџ]], но не покажувал никаков интерес за студиите по [[новинарство]]. Кога започнала [[Втората светска војна]], тој се вклучил во дискусиите, бранејќи ги [[Нацисти|нацистите]]. Еден ден, татко му ги пронашол расказите кои ги напишал Хенри и ги исфрлил на улица, а Хенри решил дефинитивно да го напушти домот.<ref>Čarls Bukovski, ''Bludni sin''. Beograd: BIGZ, 1986, стр. 218-307.</ref>
 
== Наводи ==