Хуни: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазична исправка, replaced: -та година → година (3) using AWB
с →‎Атила и хунските пустошења по Балканот: Правописна исправка, replaced: битката кај → Битката кај
Ред 16:
По смртта на Руа, на чело на власта во Хунскиот племенски сојуз дошле [[Атила]] и Блида, синовите на Мундиох. Во тие тешки времиња со [[Византија]] сè уште владеел царот [[Теодосиј II]], кој војувал на две страни: на запад со Вандалите во [[Африка]] и на исток со Сасанидите кои ја нападнале [[Ерменија]] во 441 година. Оваа зафатеност на византискиот крал им овозможила на Атила и Блида во 441 година да навлезат во Илирик и централните делови на Балканскиот Полуостров. Хунската војска ги опустошила Маргус и Виминацијум, а ги завзела и Сингидунум и Сирмиум пред да го стопираат продорот. Настапило затишје во 442 година, решавајќи да го искористи тоа Теодосиј II ја отповикал својата војска назад од боиштето во Северна Африка и наредил ковање на голем број монети за да можел да ја финансира војната со Хуните. Откако се подготвил, Царот решил повеќе да не преговара со Атила и да ги прекине сите постоечки договори. Атила на тоа одговорил со обнувување на походот во 443 година. Хуните го опседнале Наисус, а потоа продолжиле долж реката Нишава и ги завземале Сердика, Филипол и Аркадиопол. Византиските војски биле победени пред Костантинопол, но поради недостаток на опсадна опрема не успеал да го заземе градот. Теодосиј II го признал поразот и го испратил својот дворски пратеник Анатолиј да преговара за условите за мир, кои биле пооштри од претходните: царот се сложил да плати 6000 фунти злато поради непочитување на договорот и секоја година да дава данок во изност од 2100 фунти злато. Во 445 година Атила го ликвидирал својот брат Блида и продолжил да владее самостојно.
Во 447 година Атила повторно тргнал на југ преку [[Мезија|Мизија]]. Римската војска предводена од Арнегисклус се сретнала со Хуните кај реката Вид и била поразена, но им нанесла тешки загуби на Хуните. Немајќи војска пред себе, Хуните успеале да се пробијат до Термопилите. Самиот Константинопол го спасил перфектот Флавије Константин кој ја организирал обновата на Теодосиевиот ѕид, кој претходно бил оштетен од земјотрес, а на некои места биле изградени и нови утврдувања. Атила како услов за мир барал Византијците да продолжат да го плаќаат данокот што тој им го наложил и да ја повлечат византиската војска од пограничните територии со Хунскиот племенски сојуз. Преговорите траеле околу 3 години. На хунскиот двор во 448 година бил испратен византискиот пратеник Прист. Тој повеќе пати со својата дипломатска активност успевал да го разубеди Атила во намерата да ги продолжи своите ограбувања и освојувања на територијата на [[Византија|Источното Римско Царство]]. Но за жал поголемиот број од неговите историски дела се зачувани само во фрагменти.
[[Балкански Полуостров|Балканскиот Полуостров]] бил сосема уништен, а финансиската моќ на [[Византија]] исцрпена кога Атила најпосле тргнал на запад. При навлегувањето во [[Галија]], меѓутоа тој бил поразен од страна на западно римскиот војсководец [[Аециј]] во биткатаБитката кај [[Каталунските полиња]] (451). Идната година Хуните страотно ја ограбиле [[Италија]], но веќе во 453 година Атила ненадејно умрел, па неговото огромно царство се распаднало.
 
== Општествено уредување на Хунскиот племенски сојуз ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Хуни