Разлика помеѓу преработките на „Хабсбуршка Шпанија“

с
→‎top: Правописна исправка, replaced: битката кај → Битката кај
с (→‎top: Правописна исправка, replaced: битката кај → Битката кај)
 
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
{{Шаблон:Историја на Шпанија}}
Топонимот '''Хабсбуршка Шпанија''' се однесува на периодот од [[Историја на Шпанија|историјата на Шпанија]] во текот на [[16 век]] и [[17 век]] ([[1506]]-[[1700]]), кога [[Шпанија]] била управувана од страна на [[Хабсбуршка династија|Хабсбуршката династија]]. Под нејзино владеење, односно во времето на [[Карло V (Свето Римско Царство)|Карло V]] и [[Филип II од Шпанија|Филип II]], Шпанија била една од најголемите светски сили која контролирала делови од територијата на [[Америка]] до [[Филипини|Филипините]]те во [[Азија]], [[Франција]], [[Бенелукс]], [[Германија]], поголемиот дел од денешна [[Италија]] во [[Европа]], во периодот од [[1580]]-[[1640]] ја вклучувала и [[Португалија]]. Поради оваа причина, овој период на шпанската историја, исто така, бил познат како „''ера на експанзија''“. Во времето на последниот хабсбуршки крал, во втората половина на [[17 век]], Шпанија постепено навлегувала во политички и културен пад.
 
Својата поморска надмоќ [[Шпанија]] ја докажала по победата на [[Османлии|Османлиите]]те во [[Битка кај Лепанто|биткатаБитката кај Лепанто]] во [[1571]] година, како и серија победи кои ги издвојувала против [[Англија]] во [[Англо-шпанска војна|Англо-шпанската војна]] во периодот од [[1585]] до [[1604]] година. Но во средината на [[17 век]] Шпанија започнала да ги губи битките од [[Република Холандија]]. Следувала [[Триесетгодишна војна|Триесетгодишната војна]], во која Шпанија и нејзината коалиција биле поразени од страна на [[Франција]], која била предводена од страна на кралот [[Луј XIV]]. Хабсбуршкото владеење на Шпанија завршило по смртта на последниот хабсбуршки крал на Шпанија, [[Карлос II од Шпанија|Карлос II]], кое резултирало за започнување на [[Војна за шпанското наследство|Војната за шпанското наследство]].
 
[[Категорија:Хабсбурговци|Шпанија]]